Off Topic

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

Римските императори од нашето маало

Канадскиот дизајнер Даниел Вошарт ги оживеа античките римски императори преку нивни реалистични дигитални портрети. Го оживува ладниот мермер па историски скулптури и други докази користи како основа да ги рекреира нивните лица со „овоземни “детали. Некои од овие императори, кои живееле пред речиси 2.000 години, изгледаат како луѓе што би можеле да ги видите додека чекате на автобуска станица.

Очајот да се замине од Авганистан по секоја цена

Како што последните американски воени авиони го напуштаат аеродромот во Кабул, така избезуменоста на локалното население по секоја цена да  не се остане под талибанска власт станува самоубиствена. Како никогаш до сега, луѓе се обидуваа да се качат и да се задржат на авион што полетува.

Делта емоции

Во програма вклучуваат докторка која треба да ја пренесе пораката луѓето сериозно да ја сфатат опасноста од делта сојот. Очигледно било планирано малку да ѝ затрепери гласот како да е на раб на плачење кога ќе дојде до делот дека дечиња се разболуваат. Ама оваа блесавава, неочекувано прсна од смеење! Јбг, секакви ги има. За новинарот, никаков проблем. Тој ладнокрвно заклучи дека докторката е преплавена од емоции.

Како е денес во најромантичниот град на светот

Кроасани, кафе, QR кодови. Како изгледа секојдневието во градот на светлината? Изгледа така што меѓу две голтки кафе, треба на џандар да му покажуваш ковид дозвола, инаку наместо кафе, ќе сркаш казна. Апсолутно романтично.

Кога Каталонка ќе викне: Ајдеее!

Барселона Џипси Балкан Оркестра ја изведуваат „Македонско девојче“ пред некоја година, во Минхен. Убаво е. Ко да сме го имале ова на сајт ама ко да не ни е доста од вакви облоги, особено откако по рани ќе ни загребат некои наши богови кои - којзнае за кој курац - се спремни да нè поздравуваат со она име кое не само што не помина на референдум туку се зацементира со гласови на луѓе криминално носени од притвор.

Не се само Симпсонови што уденуваат иднина

Вчера беше објавен извештајот на ОН кој само регистрираше дека човештвото ја изгубило битката против глобалното затоплување. Пред десетина години фантастичната серија „Редакција“ (Newsroom) на Соркин, го имаше речиси истиот муабет, само направен далеку поискрено.

Чик-дик дебата на денот

Стариот е виетнамски ветеран и држи некое Тобако во Абердин (Вашингтон). Транс персона, инаку член на градскиот совет, во дуќанот наидува на знак кој го смета за навредлив (If you are born with a dick, you're not a chick) па почнува кавгата. Видете си сами, ние тачно знаеме на кого би му викнале пиво.

СССР носталгија

Не по Сталин или Брежњев, не по фармерки пеглани на шпиц и бадијала вотка, туку по времето, односно климата. Погледнете ја временската прогноза за 8 август 1989 година. Рај! 

Да не ги укинеа „ангелите“ на Викторија, немаше да знаеме како треба

Ангелите на ВС вечно ги снема затоа што колективно беа прогласени за нездрави и нереалистични прикази на женското тело и убавина. Во меѓувреме, новите, здрави прикази на женското тело стануваат се поразнолики.

Спектаклот од студио на Би-би-си спорт за Токио 2020

За почеток студиото и спектакуларната панорама на Токио од него воопшто не е во Токио, туку целосно е во Манчестер, и не е ни приближно живо и шарено, туку досадно зелено.

Брејзерс романтика

Музиката одма може да влезе како саундрак за Фрозен, текстот малку потешко. Жанрот е „степ-бро/степ-сис“ со најава за мала измена во следната варијанта.

Бескрајна вакцина

Во име на сите оние кај кои меѓу некои лични дилеми од една страна и од друга, доминантните научни и медицински сознанија (сесрдно подржани од државен апарат, полиција, медиуми, што треба) сепак превагнало второво и прописно се вакцинирале два пати, еден австриски новинар прилично незгодно сумира низ каков ролеркостер минуваат луѓето. Или и тоа не смее, само за да не го кокодакаат по социјални мрежи како антиваксер?

Полудуваме ли колективно и зошто да

Ако сте баш сигурни дека вие конкретно не сте полудени, погледнете коментари на социјални мрежи. Ако за повеќето од нив се прашувате од каде само изникнаа волку гневни и наапани горштаци, тогаш сите заедно имаме проблем.  А не сме ни први ни последни на кои им се случува тоа.

Ако веќе е жешко, тогаш барем нека е “Highway to Hell”

Том Морело од Реиџ со распалени и зажарени гитари а бензин на огнот со своите гласови додаваат Брус Спрингстин и Еди Ведер. Пржење!

Што научивме од овој клип?

Како прво, дека имало луѓе кои себе се опишуваат и претставуваат како кученца, маченца или зајачиња. Таквите да ти биле невродивергентни. Тоа да ти било кога некој чувствува дисконектираност од човечкиот род и од социеталните очекувања од родот кој му е даден од раѓање.  

Ќе те зезнат, вака или онака

Дечкото има гледано доволно клипови со оние турски сладоледџии кои се вешти со тоа корнетите и знаат бескрајно го дриблаат муштеријата додека навистина му го дадат сладоледот, па затоа изгледа спремен на сè. Речиси на сè.

Америка метричка да е, секој да ја знае

Не само што САД имааат потпишано дека ќе го усвојат метричкиот систем туку сите они нивни будалести мерки како стапки, инчи и галони со кои мака мачи остатокот од светот, всушност им се дефинирани со метрички единици.  

Орангутани, наши луѓе

На посетителка во Зоолошка во Индонезија ѝ паѓаат очилата за сонце во просторот на орангутаните. Ги наоѓа женка, точно ѝ е јасно како се носат, ги пробува и по некое време решава да ги врати, односно да ги трампа за нешто покорисно. Со нула жалење што не станала човек.

Феминистка во стапица

Прашањето е: Ако компаниите помалку ги плаќаат жените од мажите, нели е логично да вработуваат повеќе жени, затоа што се поевтини? Реакцијата сте ја виделе во дебатни емисии: кога наместо одговор, му префрлаш на соговорникот дека е нервозен, дека се поти... А нит е нервозен, нит се поти, само си ти фатен во небрано. 

Вие кога ќе дознаете дека сте бели?

Робин ДиАнџело е автор на извиканата книга „Бела фрагилност“ која  - буквално расистички - сугерира дека белците треба да го признаат примордијалниот грев што се бели. Во ова интервју, таа открива дека сфатила дека е бела на свои 34 години и тоа шокантно сознание трајно ѝ го сменило животот. Се почувствувала толку гласно бела што ѝ било срам да излезе на улица зашто сите ќе забележале дека е бела. Накратко, Робин ДиАнџело, кретен.

Бебиситерки, специјални единици

Школата ги кошта 21.000 долари годишно но затоа после може да очекуваат поголема плата од адвокати, отприлика околу 170.000 долари годишно. Учат боречки вештини, возење кола во опасни ситуации, шијат, плетат, виткаат суши и... не доцнат сабајле по 40 минути.

Олимписко тегнење за уши

Американските староседелци цели 60 години секое лето одржуваат свои Олимписки игри во Фербанкс, Аљаска. На Ескимско-Индијанските олимписки игри можат да се видат секакви дисциплини, од кои ја издвојуваме дисциплината „тегнење за уши.“ Треба и кај нас тоа. Чие уво испадне најјако за тегнење, станува Никола Димитров.

Багерист со краток фитил

Хотел во Ливерпул на багерист кој работел за нив, требало да му исплати хонорар од 600 фунти во петок. Проверувал човекот во петок, сабота, недела, па во понеделник веќе му зоврело, се качил на багерот и им улетал низ предна врата, деконструирајќи им ја рецепцијата. Фанови на вакви потези, на GoFundMe собрале 3.000 фунти донации за праведниот багерист.

Брутална рецензија за Смедеревка

Дечкото пишува под името „Сомелиерско катче“. Ако поради тоа очекувате суптилни рецензентски финеси, шармантно нијансирани сомелиерски оценки и ларпурлартистични описи од типот „на рабовите на вкусот се чувствуваат трагови од ливадско цвеќе низ кое протрчал елен лопатар“, сте се зезнале отприлика исто толку како кога би помислиле дека Смедеревка може и на голо да се пие. 

Разочаран ваксер

Американскиот актер Мајкл Рапапорт (сте го виделе ама небитно) беше доста гласен критичар и хејтер на анти-ваксери (Вакцинирајте се, курви едни! - затворен цитат). И сега, после примени две прописни дози вакцина, врховниот бог Ентони Фаучи вика дека вакцинираните во себе можат да имаат исто вирално полнење како и невакцинираните и дека можат да бидат супер - ширачи на вирусот.