Брутална рецензија за Смедеревка

Дечкото пишува под името „Сомелиерско катче“. Ако поради тоа очекувате суптилни рецензентски финеси, шармантно нијансирани сомелиерски оценки и ларпурлартистични описи од типот „на рабовите на вкусот се чувствуваат трагови од ливадско цвеќе низ кое протрчал елен лопатар“, сте се зезнале отприлика исто толку како кога би помислиле дека Смедеревка може и на голо да се пие. 

Општ опис:

Ако некој е навредлив, нека ми се напуши курац и нека ја напушти оваа рецензија, мајмуни едни што ме следите и ги читате овие срања што ги пишувам. Пред вас е текст на една фукара од човек, јајара која има две нозе и способност да живее. Вечерва нема ништо паметно да чуете од мене, земав шише од овоа вино и минерална Хеба, за да се гипсирам уште повеќе. Деновите ми проаѓаат, гнијам на овој шугав свет, сè оди у курац, останувам без сè што сакам и нормално е кога си у курац прво да се фатиш за шише. Одам на село да ја видам мајка ми и ја гледам онаа куќа во која имам пораснато, почнувам да пијам пред родена мајка како најголем олош... Таа не може да сфати баш најдобро што се случува а јас уживам во убавината на пропаѓањето, мрш сите у пичку материну, ете ви рецензија.

Мирис

Те тера на језа ама после третата чаша оди како ладна вода. Браќата Македонци секогаш растурале! Нема негативни манифестации.
Оценка: 5.0

Вкус:

Првиот има киселост околу 70% и трае барем 10 секунди, значи, квалитетно вино! Вториот фатив да го ексирам и киселоста опаѓа на 10%, ништо страшно, само треба да се оди полека, без шокирање на телото. После пак ексирав.
5.0

Амбалажа:

Единствена работа која не е ни за курац, тенко стакло, срање капаче, етикета убава само на изглед. Жал ми е што вакво вино има вака срање амбалажа.
1.0

Цена:

361 динар, за работен човек скроз е ок и цената го покрива овој квалитет. Ама не е економично за нас алкосите.
5.0 (1.0)

Брзина на опивање:

Бонбона! Ме сјеба после третата чаша, после еден литар можам комотно да одам на спиење и да се секирам за утрешното сабајле.
5.0

Мамурулук/Говно

Ќе пишам утре од прва рака.

Продолжеток: Станав, одработив смена ко човек и сега стигнав дома. Едвај станав со едно 5 до 7 аларми и помош од пријатели. Од едно литро имаше пар потенцијални проблеми ама фала богу ништо не јадев, да здрмав две литра 100% ќе имаше срање, затоа давам петка, пошто стварно е квалитет од вино. Уште се немам посрано пошто само на пиење сум и два дена не јадам.

Сомелиерско катче

31 јули 2021 - 11:04