Полудуваме ли колективно и зошто да

Ако сте баш сигурни дека вие конкретно не сте полудени, погледнете коментари на социјални мрежи. Ако за повеќето од нив се прашувате од каде само изникнаа волку гневни и наапани горштаци, тогаш сите заедно имаме проблем.  А не сме ни први ни последни на кои им се случува тоа.

Толпите никогаш не биле жедни по вистината. Тие ќе игнорираат факти кои не им се по вкус, претпочитајќи да обожаваат грешки, ако тие им се заводливи. Кој и да е, ако може да ги снабди со илузии, лесно ќе им стане господар. Секој што ќе проба да ги уништи нивните илузии, станува нивна жртва.

Гистав Ле Бон

Ова нека биде само повод за топлата препорака да го погледнете ова -  прекрасно! -  илустрирано видео од областа на социјалната психологија кое се бави со масовната психоза, своевидна епидемија на лудило која се случува кога големи делови од општеството го губат чувството за реалност и упаѓаат во заблуди.

Не е тоа фикција или само теориска можност. Во историјата на човештвото тоа се има случено во неколку наврати, како што е ловот на вештерки во Средниот век (кој некаде има престанато дури откако веќе немало ни една жена која може да се спали) или пак растот на тоталитаризмите во 20-от век.

Не е завршена таа болештија ни денес, особено што постојат силни „атмосферски“ услови за нејзино метастазирање: социјални медиуми и изолираност:

Природата наа модерните технологии (интернет, смартфони, социјални мрежи) да предизвикуваат зависност придонесува многу луѓе доброволно да се потчинат на пропагандите на владејачките елити, со впечатлива зачестеност. Модерната технологија, забележува Јуст Мерло, ги учи луѓето светот кој го гледаат да го земат здраво за готово, тој не зема време да се повлече, да размисли. Технологијата го заведува фрлајќи го под своите тркала, без одмор, без медитација, без конверзација - чувствата постојано се преплавени со стимули. Човекот веќе не учи да ги преиспитува светот - мониторите му нудат веќе подготвени одговори.

Постои уште една алатка на тоталитаризмот - изолираноста. Кога човек е сам и без нормална интеракција со пријателите, семејството и колегите, тој станува многу поподложен на заблуди. 

Да повториме, топла препорака:

5 август 2021 - 16:16