Off Topic

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

Римските императори од нашето маало

Канадскиот дизајнер Даниел Вошарт ги оживеа античките римски императори преку нивни реалистични дигитални портрети. Го оживува ладниот мермер па историски скулптури и други докази користи како основа да ги рекреира нивните лица со „овоземни “детали. Некои од овие императори, кои живееле пред речиси 2.000 години, изгледаат како луѓе што би можеле да ги видите додека чекате на автобуска станица.

Што е тајната на хималајската сол?

За неа на интернет ќе најдете сешто, дека регулира тежина, подобрува сон, го одложува стареењето, дури и дека го зголемува либидото. Во прилог ќе видите каде таа сол се вади, кои и колку минарали има но не можеме да одолееме да не ви ја откриеме нејзината клучна тајна: хималајската сол подобро изгледа на Инстаграм.

Заминување: Милош Васиќ (1947-2021)

Човек, новинар, интелектуалец и господин во мрачни времиња. Надвор од интересните котерии, од маста и власта, од паразитските а лукративни синекури, новинарски аргат, „закрпен, но чист“, како што тој сакаше да каже, и во таа метафора е собрано сè што требаше да стане човечка, морална и цивилизациска разлика меѓу човечноста и фукарлукот.

Јоко Оно, и ништо не е подобро

Последиот пат гоп имавме кога придружуваше воени единици во строев чекор, па му ставивме наслов „Метал, и сè е подобро“. Сега пошто Јоко Оно е во прашање, не оди таков наслов. Се изнамачи дечкото да најде некаква музика во тоа нејзино врескање од кое се добива рак на уши.

Најдолгата гушка

Мајка (Елизабет Бенет, Арканзас) на синот кој се враќа од школо му ја кажува веста дека не мора да биде со маска, откако родители го добиле случајот со школото околу задолжителноста на маските. Пазете ја таа реакција.

Вежби за одзатнување синуси

Ако си ја имате маката, можеби веќе и сами сте ја откриле благопријатноста на овие потези. Ама, ако си ја имате маката, знаете дека кога тоа ќе стегне, ништо не помага. 

На неседнат Петко, капа му сплетоа

Македонија би можела и повеќе од пристојно да живее од извоз на плетени капи, и тоа изработени само од администрацијата, во регуларното работно време. На вработените од ДУИ може да им се праќаат клацкалки и дома.

Мустаќот на Салвадор Дали

Колку да се потсетиме каква „шведска маса“ од талент, шарм и самодоверба беше Салвадор Дали, од едно кратко интервју за BBC од 1955 година. Се разговара за битен детал од тогашната арт сцена - мустаќот на Дали.

Летерман го тролаше Дурант

Стариот му упадна на прес-конференција и го праша:
- Зошто те викаат КД?
- Затоа што се викам Кевин со К а се презивам Дурант со Д, најученички одговори КД. Дури кај прашањето за Пеликаните се опушти и сфати дека стариот се зеза.

Знаете ли што се егосексуалци?

На радостите на новата сексуална едукација им нема крај крај. Егосексуалци да ти биле оние кои  немаат ништо против сексот, ама не би да бидат дел од тоа.  Ехеј, колку такви познаваме, не од што сакаат, туку од што мораат...

Чекај да видите драма

Почнува како рутинска полициска сообраќајна контрола, завршува трагично, барем во моментот. Не нема мртви, ранети, повредени, ама пак неубаво завршува.

 

Ќе им прати ли некој дикпик како што заслужуваат?

Пазете каква карантинска програма се тестира во Австралија: властите ви вртат на телефон и вие треба да им вратите со селфи кое тие ќе го гео-лоцираат. Ако за пет минути не им вратите со селфи, некој ќе ви тропне на врата. Прогресивните држави почнуваат да личат на љубоморните дечковци од најстрашните хорори.

131 метар под морето

Притисок на гума на кола е околу 2,5 бари. На 130 метра под вода, притисокот  е 14 бари! Дотаму (131 метар) има стигнато Алексеј Молчанов, на „здив“, без боци, без ништо. Овој светски рекорд го постинува за вкупно време од 4:33 минути.

Небинарноста од блиску доаѓа

Феминистка по кратко улично кошкање и навредување полиција завршува на земја, меѓутоа бидејќи изненадното инстантно залепување на нејзиното лице кон асфалтот никако не ја девалвира нејзијата правичност таа бара барем кога ја апсат да биде апасена од жена полицаец.

Краток водич за избегнување данок со уметност

Колку што е водичот критика за законите за плаќање данок, отприлика толку е критика и за уметноста и што тоа точно вреди во неа.

Шумските градинки на Данска

Во земјата на Викинзите, младите ги учат да бидат во шума, да прават стрели, да се запознаваат со животинките и растенијата. Во земјата на комитите и гемиџиите, знаете, младите ги учат да си бојат половите органи и им даваат награда за најдобри гради. 

Филмувана црна пропаганда

Во Флорида е во тек акција за отповикување на гувернерот  Рон ДеСантис кој се дрзна да НЕ воведува задолжителни вакцини, ковид пасоши и рестрикции, еретички изговарајќи: „Ние им веруваме на луѓето кога носат одлуки за себе“. Да видите само каков хорор трејлер му имаат направено неговите противници.

Пред 5Г друг беше душманот

Насловната на „Judge“ магазин од 26 октомври 1889, времето кога во САД почнува да се воведува електрична енергија, која алармира за ѓаволштините на струјата и посебно уличните бандери.

Го однесоа детето, ковид имаше

Сцена од ланската специјалка на Саут Парк. Почнува кога Картман го приведуваат во школо а завршува со карантин за цело одделение затоа што имале контакт со соученик (Токен) кој беше однесен во болница. Заради ковид.

Водно, 2000 и некоја

Со сесрдна помош на сите ГУП-ови, ДУП-ови, градоначалници, премиери, градски совети, архитекти, геодети, грдежници, фантастично успешни бизнисмени и сите останати незапирливи заљубеници во Водно и општо природата.

Добро утро Чикаго

На видеово најмногу изненадува колку е мирољубиво. Од една страна се група пљачкосувачи кои сред работен ден решиле да влезат во парфимерија и да ја опљачкаат, од друга сите купувачи и персонал во парфимеријата кои главно гледаат никако да не и посметаат на групата. И за цело ова време нема ни еден инцидент меѓу двете страни. Професионално.

Сè за тија пусти сториња

За да се добие што поефектен материјал од себе за на интернет, тоа опседнатите знаат да направат секакви кретенизми (се пентарат па кршат глави, рецимо) и да злоупотребат секој ближен да им помогне во офанзивата за лајкови. Чекајте да го видите резултатот овде.  

Марина Туцаковиќ: Поетеса на скршената женскост

Да, секоја поштена феминистка си повраќа во уста од стихот „ја би опет била тепих по коме ти газиш“, но ако е чесна кон себе, а не само кон феминизмот, знае дека барем еднаш била така, патолошки, заљубена. Невкусно? Можеби, но искрено.

Колку работни часови ти се потребни за да купиш Ајфон 13

Имаме една светска листа просеци за тоа кој колку часови треба да работи за да го поседува најновиот Ајфон. Нас нè нема на листата, ама ако сакате да се разочарате ќе може сами да си пресметате. Почетната цена на 13-ката (за основниот модел) се очекува да биде околу 830 евра.

Маки американски

Откако се случува уште едно пукање во училиште, неколку училишта од Ајдахо решаваат да им забранат на учениците какво било носење на ранци, ама во исто време тие и понатаму како за на школо мора да носат книги, тетратки, прибор... Децата се снаоѓаат кој како знае.