Off Topic

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

Римските императори од нашето маало

Канадскиот дизајнер Даниел Вошарт ги оживеа античките римски императори преку нивни реалистични дигитални портрети. Го оживува ладниот мермер па историски скулптури и други докази користи како основа да ги рекреира нивните лица со „овоземни “детали. Некои од овие императори, кои живееле пред речиси 2.000 години, изгледаат како луѓе што би можеле да ги видите додека чекате на автобуска станица.

За новинарството од кое новинар го фаќа срам

Кои се тие луѓе кои денеска се претставуваат како „новинари“ и кои не знаат каде се ментално шупливи? И како на луѓето да им кажам дека сум новинар? Им викам дека сум инженер во пензија и дека отсекогаш сум го мразел новинарството, затоа што бројките се почесни од зборовите.

Вакцинирани ил невакцинирани, полудевме

Едниот е професор доктор, другиот е професор доктор. Дебатираат на иста тема: ковид, вакцини, маски. A kако да гледаш спот за песната „Два смо света различита“ (Тома Здравковиќ). Водителката некаде при крај вика, дури сега ништо не ми е јасно.

Можеш ли да ја поправиш климата?

Краткиот одговор е: не баш. Проблемот е покомплициран отколку што се чини а задира во суштината на тоа како функционира светов. Најброзото решение би било богатите драстично да се откажат од својот стил на живот а сиромашните драстично да се откажат од желбата да излезат од сиромаштија. Мало факинг морген, нели?

Конечно дојде модата

Чорапите се дело на јапонскиот дизајнер Фукузава Такајуки, кој забележува дека луѓе фрлаат парови чорапи само затоа што едниот чорап има „не можам да се качам до кај тебе на кафе“ дупка кај палецот. За да се избегне ваква ситуација, тој изработува чорапи кои фабрички се со дупка на палецот.

И Туркменистан имаше парада за 30 години независност

Парада ко парада, кој што има тоа вади. Само овие го имаат и Гурбангул Бердимухамедов за претседател, кој низ годините се покажува како сосема достојна замена (колку може) на легендарниот Сапармурат Нијазов.

Бил Мар: Да не заврши Америка како Југославија?

Вупи Голдберг пред некое време побара црнците во САД да имаат башка химна. Зошто немаме две, три, пет химни?, иронизира Мар но е скроз озбилен: „Треба да престанеме да ја третираме 'разбудената' сегрегираност како некое културно достигнување. Не е. Прашајте ја Југославија“.

Цис маж и за што тој термин служи?

Норм Мекдоналд му објаснува на Стефан Мерчант (на Џервејс другарот) дека цис маж е оној кој се родил како маж и се чувствува како маж. Овој збунет, го прашува а зошто воопшто постои таков термин? „Тоа ти е начин да се маргинализира нормален човек,“ закуцува Норм.

На секој јазик ќе разберете љубов

Еве ќе видите, не мора да го зборуваш јазикот за да ти е јасно дека некој е заљубен, љубов е нешто што се гледа во очи, се слуша во гласот, во зборовите. Тек па да видите разочарување колку е појасно.

Едно грло имаме

Да се потсетиме што е концертна рок атмосфера, пошто уши ни пресушија во пандемијава. Се чекаат Грин деј во Хајд парк, 2017. Додека дојде бендот, на луѓето им пуштаат Боемска рапсодија од Квин. Кој не се наежи, цел живот во локдауни да си ужива. 

Како да гуглаш како девелопер

Има една вистина за компјутерџиите која вика дека не е најдобар оној кој е махер со кодовите туку оној кој е махер во гуглање.  Да видиме неколку корисни финти кои тие ги користат кога се има некој проблем.

Пријатели во мол

„The minor falls, the major lifts“ подучуваше стариот Леонард Коен и нема поточно од тоа. Слушнете како меланхолично звучи една од најведрите и најполетни песни на сите времиња, кога е отсвирена во мол. 

Шпански доручек

Невeројатно цинично и зајадливо видео на BBC за ругање на Шпанците. Сите експерти и томови книги напишани за нив, вели презентерот, не можат да ја објаснат суштината на нивниот проблем. А тој е дека Шпанците не знаат што е вистински доручек. И после везден морааат да глодаат нешто. Чујте го вие тој британски (хумористичен?) хејт.

Не дека нема бизнис во анти-ваксерството

Компанија од Северна Каролина одлучи отворено да го прифати и стимулира анти-ваксерското движење, без притоа да крие дека директно заработува од успехот на истото.

Како е можно некогаш сите да биле волку ведри?

Прастаро видео од 1977 година во кое главен јунак е една бабичка која не може да погоди која од понудените пијачки е виски а кое е бренди. На општо задоволство и на нејзина огромна радост, не се откажува таа така лесно. Не би ги ни доживеала таа тие години ако лесно се откажуваше. Позитива на денот.

Тајната на среќниот брак

Сопругата несебично го споделува клучот на среќниот брак: да го слушаш мажот, да го почитуваш, да му дадеш да биде глава на куќата и да му дозволиш да зборува. Но, ако не видите како тоа изгледа кај нив, никогаш нема да дознаете кој е вистинскиот клуч за мир дома.

Не се заебавајте, има да ме жалите

Норм Мекдоналд почина неодaмна на 61 година, после 9 годишна приватно водена војна со ракот. Значи овде кај Летерман точно му е јасно за што зборува, а зборува за својот погреб. Дека не сака како сите.

Како Руси излегуваат на избори

Русите длабоко размислуваат пред да излезат на избори. Што да облечат и како да се појават на гласачкото место. Оти другото е мање-више познато.

Кафана

Ако веќе мислите добро да си поминете, не измачувајте ги браќата и сестрите во кафаната со фалбаџиство и викање. Кафаната не сака фалбаџии и гњаватори, иако ги трпи против својата волја: на секоја будала треба да ѝ се помогне да се ослободи од своите пари, а тоа е дело богоугодно.

Како изгледал древниот Рим

Ѕирнете една дигитална реконструкција на вечниот град. Фино било да прошета човек таму, освен ако во тој момент не проаѓа и некоја лудара како Калигула, па те замоли на лице место да му направиш ќеиф на неговиот омилен сенатор.

Второто полувреме кај скокови во вода

И трупови знаат дека фората е што помалку да испрскаш кога ќе се жбурнеш во водата. Но, тука не завршува приказната. Откако ќе се жбурнеш, имаш уште работа.

Лас Вегас останува без усул. Му личи.

Врискачкиот пејсаж на Лас Вегас ќе биде збогатен со една огромна мрцина. Ја прават најголемата сфера на светот која ќе кошта 1,8 милијарди долари, ќе биде висока 112 метри, и во неа ќе го има - се разбира - најголемиот ЛЕД екран на светот со резолуција од 19.000 X 13.000 пиксели. И уште мал милион претеризми. 

Фалиш, будалче

Почнавме да се чудиме на некои сцени. Не заради самите сцени, туку зашто сме научени во такви сцени главен да биде оној нашион. Еве на пример овде. Пасент би било.

Марокански рулет

Пратете го дебелото. Од што предолго го ќофтаат а тој никако да стигне да подели правда со папучата, на крaj мава и кога нема никаква логика да замавне. Пресладок е.

Две решенија кои никогаш не би ни текнале

Како типови кои имаат проблем и играчка од киндер јајце да состават, вакви финти бескрајно нè одушевуваат.