На младите им требаат училници. На младите им требаат книги. Им треба и безбедно место за учење. Во Данска овие педагошки пароли се преведени како „Одиме во шума!“
10% од младите во земјата кои се на претшколска возраст посетуваат таканаречени шумски градинки. Таму се и кога врне, таму се и кога е минус 20 степени, под надзор на педагози кои учеле високи школи за човечкиот развој.
Калливи, извалкани, шлапаат по бари, си помагаат да се искачат на ридче... Како најнормално, им даваат и остри ножеви во рака. За од најмали нозе да научат дека ножот е алатка, а не оружје.
Што се заебаваме ние?