Off Topic

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

Римските императори од нашето маало

Канадскиот дизајнер Даниел Вошарт ги оживеа античките римски императори преку нивни реалистични дигитални портрети. Го оживува ладниот мермер па историски скулптури и други докази користи како основа да ги рекреира нивните лица со „овоземни “детали. Некои од овие императори, кои живееле пред речиси 2.000 години, изгледаат како луѓе што би можеле да ги видите додека чекате на автобуска станица.

Куќи за нервирање на комшијата

Ехеј, го има ова и кај нас! Ги викаат „spite houses“ — куќи или објекти изградени намерно како одмазда на соседи, роднини или градски власти. Најчесто се градат поради спорови за земја, наследство, реметење на погледот и слично. И кога омразата ќе заврши и луѓето ќе починат, објектите остануваат како споменици за тоа за какви ситници луѓе знаат да се закрват. 

Некои Арапи налетаа на погрешни навивачи на Ливерпул

Во часовите пред и по дебаклот од организација на финалето на Лигата на шампионите, во Париз имаше улични инциденти меѓу дојдените навивачи на Ливерпул од преку каналот и арапско/северноафриканската мигрантска популација во Париз.

Зошто масовните убијци избираат АР-15?

АР-15 е цивилната верзија на американската М-16 и за несреќа е идентично квалитетна и разорна пушка. Зборувајќи за куршумите на АР-15 професорката од Универзитетот на Јужна Калифорнија Синтија Бур ќе каже „коските нема да се скршат туку ќе се распарчат. Органите нема да бидат само пробиени, туку делови од нив целосно уништени.“

Кога американски 13-годишник проба легално да купи оружје

Детето е дел од скриена репортажа за ХБО направена во 2014 после којзнае кој училишен масакр во САД. Малиот проба со својот преочигледно детски излгед да купи цигари, пиво, порно, лото ливче и пушка. Само на едно место не го вратија назад.

Највисоката фамилија на светот

Скот, Криси, Савана, Моли и Адам Трап просечно се високи 203.29 сантиметри (Адам е 221,7). Си ги кажуваат маките да најдат облека и бочно да се симнуваат по скали направени за мали стопала. И се грбават на кујна со стандардна висина, наместо да си направат прописна.

 

Оливер Стон за руската инвазија на Украина

Режисерот утна кога прогонозираше дека Русија нема да влезе во Украина но и сега смета дека војната ја посакувале Американците чија главна цел е да го срушат Путин и да донесат некој нов Елцин. За после да тргнат во клучниот судир, со Кина.

Во рововите на Украина

Ретка снимка од дрон од директен судир и операција за освојување и чистење ров во Украина. Војници наредени како ПЕЗ бомбони, ни лево ни десно, само напред, само на нишан. Ништо повеќе смелост да се влезе во ровот, ништо помалку смелост да се брани ровот.

Британските уредници капитулираа пред Украина

Кон Коглин е уредник за одбрана (војни, војски и сл.) на британски Телеграф, кој многу уверено ги  споделуваше своите позитивни желби за исходот од војната во Русија како издражни ставови. Деновиве изгледа позитивата му пројде.

Урсула фон дер Логика

Мора да продолжиме да купуваме нафта од Русија бидејќи ако не купуваме ние, Русија ќе ја продаде таа нафта на други и така ќе дојде до нови пари. Со други зборови, никој друг не убедивме да не купува од Русија.

Сенаторот Бајден: Беси го!

Поо повод полициското претепувањето на Родни Кинг во далечната 1991 година, настан што беше повод за големи расни протести во цела земја кои се сметаат за зачеток на БЛМ, Џо Бајден, тогаш сенатор, се исчудува како тоа признание дадено под ќотек од полиција, не се смета за валидно на суд. „Море, беси го!“ ќе каже денешниот лидер на слободниот свет.

Зошто Русите со недели чекаа пред Азовстал

Азовстал не е железарница или челичарница, туку е „металуршки комбинат“ кој во себе вклучува неколку челичарници и железарници, плус железница и којзнае каква сè инфраструктура, и оваа монструозност се простира на над 11 километри квадратни или во наши мерни единици цел Центар и Чаир заедно (7,5 + 3,5 километри квадратни).

Амбасадоре, не знаеш кој си, што си, други тебе знајат

Мајкл Мекфаул е поранешен американски амбасадор во Русија (2012 - 2014). Денес е директор на институт за меѓународни студии на Стенфорд. Може не знае историја ама па затоа знае што е суштината на дипломатијата.

Најголемиот бран некогаш јавнат од човек

На 37 годишниот професионален сурфер приликата му се погаѓа во португалски води во октомври 2020 година. Биле потребни 18 месеци тоа да биде верифицирано од група научници и експерти од Гинисовата книга на рекорди и признато како највисок бран по кој човек досега сурфал. 26 метри. 

Шангај обраснат

Како дел од нула-ковид борбата 25-милионскиот Шангај е под целосен карантин од почетокот на април. Дозволен излез имаат само „клучните професии“, полиција, готвачи, медицинари и слично. Одржувачите на паркови не се меѓу клучните.

Три техники на Тесла за тренинг на мозокот

Настрана апокрифните муабети дека се има кастрирано за да не му бега паметот натаму и веројатно точните информации дека спиел само по два часа, Никола Тесла има споделено три техники за поголема креативност и продуктивност кои можат да бидат корисни. 

Снимка од еден зорт

Оклопно возило на украинската армија пред или за време на бараж на руската артилерија и авијација ги товари своите соборици раштркани околу патот и гледа да фати некоја ладовина под шума. Давај, давај, давај, давај...

Како малиот ја доби улогата во E.Т.

Аудиција за главната детска улога во филмот на Спилберг „E.T“, од 1981 година. На ред е Хенри Томас, тогаш 10 години (денес 50). Неговата аудиција не завршува со стандардното „Ќе им се јавиме на твоите родители да ви кажеме што сме решиле“ туку со „Добро е мали, ја имаш улогата.“ До толку е добар.

Украинците буквално бомбардирани со пропаганда

Тенковски гранати полнети со по 1.000 летки со детални упатства за предавање (и зошто да се предадат и како да се предадат) секој ден се испукуваат кон украинските позиции на фронтот во Луганск. За сега не се знае колку вршат работа.

Ако треба на некого да му го раскажеш Вучиќ во еден виц

Господ ги собира Путин, Бајден и Вучиќ за да им каже дека сите луѓе на планетава ќе умрат за седум дена и дека тоа е неизбежно и треба што е можно побрзо да им го соопштат на своите граѓани.

Какви се тоа фолиранти

Генерално на политичари мислиме, особено овие инфлуенсериве. Еве го чика Бајден, му треба маска додека сам се симнува по авионски скали, ама затоа истата ја вади веднаш штом се сретне со луѓе да се поздравува и муабети. Логика.

Кај го напика тоа бе, дете?

Арон Краскал не може да се издоначуди, а богами ни ние. Една млада, тенка Азијатка, јаде некои огромни краставици, јаде дузина варени XXL јајца, срка една преполна здела супа со тоа нивното фиде. Што јаде, бута бре! Пазете го него колку е искрено фрапиран од оваа стварно неверојатна сцена.  

Се врти вашиот по женски?

Тоа вртење по некоја друга додека одиш со својата е една од оние ситуации по кои обично следува дрвење, пошто жени тоа непотребно го драматизираат а притоа покажуваат и верско непознавање (што је лепо и богу је драго). Кога за тоа ќе се пожалат на поискусни другарки, тие обично ги тешат: „Уште е млад бе, ќе му помине тоа“. Да, а?

Гледам во други а мислам на себе

Перфектна манифестација на моќта на потсвеста (особено кога е во колизија со дискредитирана свест), совршено материјализирана во изјава на еден американски претседател. Џорџ Дуплове реши да проговори за руската воена акција и „одлуката на еден човек да започне неправедна и брутална инвазија на“... погодете кого?

Стив Џобс за консултантите

На предавање пред полн амфитеатар на МИТ, Стив Џобс изваден од памет од мнозинството консултанти меѓу присутните порачува: Ако ги немаш лузните од грешките направени како сопственик на нешто, си научил само делче од тоа што има да се научи.

Речиси 1.000 борци од Азовстал се предадоа на Русите

Руското министерство за одбрана објави дека од понеделникот вечерта до денес над 950 борци од опколената челичарница во Мариопул им се предале на руските сили. Информацијата до сега не е потврдена од украинските власти. Се уште не е познато колку вкупно украински војници има во Азовстал.