1. Прво сè замислите во својата глава пред тоа да го направите.
Тесла често има зборувано дека може да замислува комплицирани машини и ретко правел нацрти пред да стартува со нивна изградба. Овој процес на визуелно размислувањсе не им е својствен на сите (и тој не се родил со таа вештина туку ја вежбал) но идејата е да се концентрирате на сите детали од конечниот производ.
Во својата автобиографија тој вака го опишува процесот:
„Јас не брзам со конкретна работа. Кога ќе добијам идеја, почнувам да ја градам во мојата глава. Менувам конструкции, правам поправки, управувам со машината, сето тоа во себе. За мене е целосно небитно дали турбината ја тестирам во глава или во работнилница.“
2. Одете на прошетка
Познато е дека прошетките генерално имаат позитивни ефекти врз креативноста. И Тесла го практикувал тоа, до толку што прошетките станале дел од неговите опсесивно-компулсивни ритуали. Имал неколку „еуреки“ додека шетал. Една од нив и за најголемото откритие, наизменичната струја, идеја која му текнала додека шетал по Будимпешта и рецитирал поезија опоравувајќи се од еден нервен слом.
3. На проблемите работете сами
Како и многу други креативни ликови и иноватори, и Тесла тврдел дека човек треба да се осами додека создава и креира.
„Умот е поостар и поконцентриран во осама и непрекината самотија. За размислување не е потребна никаква голема и опремена лабораторија. Креативноста доаѓа од осамата, ослободена од влијанија кои ни го блокираат креативниот ум. Бидете сами, тоа е единствената тајна на изумителите; бидете сами, тогаш се реѓаат идеите.
********
За кастрирањето:
Тоа веројатно никогаш нема недвосмислено да се потврди или отфрли. Тесла навистина на новинар му има кажано „ја уништив мојата сексуалност“ (во времето кога го бркала Сара Бернар), но тој на ист начин има зборувано и дека ја има уништено неговата зависност од кофеин, љубовта кон виното и комарот.
Меѓутоа, ова е интересен момент:
Хрватско-американскиот парапсихолошки истражувач Андрија раскажува случка која му ја има кажано Џон Хејс Хамонд Јуниор, единствениот ученик кој Тесла го имал.
Младиот, 21 годишен Хамонд го прашал Тесла како тоа сака да биде во друштво на убави жени ама не прави ништо со тоа и нема сексуален живот.
Тесла ги симнал пантолоните и му покажал зошто:
Го земаме ова сведоштво со доза на резерва бидејќи не е од прва рака туку е пренесено а и самиот Пухариќ е живописен лик кој му има пишувано на Тесла дека во неколку наврати го имаат посетувано вонземјани.
Настрана од тоа, во 70-тите години Пухариќ тврдел дека открил сигнал со ниска фреквенција пуштен од Советскиот сојуз, сигнал со кој може да се контролираат луѓето и кој е одговорен за климатски промени, земјотреси, болести и насилни протести.