Оливер Стон за руската инвазија на Украина

Режисерот утна кога прогонозираше дека Русија нема да влезе во Украина но и сега смета дека војната ја посакувале Американците чија главна цел е да го срушат Путин и да донесат некој нов Елцин. За после да тргнат во клучниот судир, со Кина.

Во целиот мој живот немам видено толкав ѕид од пропаганда каков што го гледам сега на Запад.

Најмногу ме изненади Европа, колку брзо влезе во кошницата на НАТО, што е многу опасно за Европа.

Овие земји не ми даваат чувство дека имаат суверенитет врз својата земја, дека имаат слобода да кажат што мислат.

Кога САД го нападнаа Ирак во 2003, со задоволство гледав како Франција и Ширак се спротивставија и им кажаа дека нема да им се придружат во тоа лудило. Исто и Германија и Шредер. Ширак и Шредер ја бранеа старата Европа. Го памтам Де Гол. Тој ја повлече Франција од НАТО бидејќи ја виде опасноста од НАТО - да ги војува американските војни.

Сега сите зборуваат за носење на Путин пред суд за воени злосторства. Зошто не зборуваа исто за Буш кој убиваше повеќе луѓе во Ирак? Или пак да се кажеше нешто за убивањата во Донбас и Луганск од 2014 до 2022?

Ден пред руската инвазијата на Украина, независни посматрачи известуваа за масовно бомбардирање на Донбас од украинска страна и имаа 110.000 војници подготвени за инвазија на Донбас.

Зеленски беше избран на миротворна платформа. 70% од луѓето од него очекуваа да постигне мир со Русија. Тој не ни проба. Веднаш штом влезе во канцеларија, милитантниот дел од десниот сектор му даде до знаење дека нема да прави договор со Русија.

Главна цел на Америка е да го тргнат Путин и да донесат нов Елцин. А потоа да тргнат на Кина што им е главната мета. Ако за тоа треба Украина да биде уништена, нека биде така.

31 мај 2022 - 11:06