Off Topic

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

Римските императори од нашето маало

Канадскиот дизајнер Даниел Вошарт ги оживеа античките римски императори преку нивни реалистични дигитални портрети. Го оживува ладниот мермер па историски скулптури и други докази користи како основа да ги рекреира нивните лица со „овоземни “детали. Некои од овие императори, кои живееле пред речиси 2.000 години, изгледаат како луѓе што би можеле да ги видите додека чекате на автобуска станица.

Куќи за нервирање на комшијата

Ехеј, го има ова и кај нас! Ги викаат „spite houses“ — куќи или објекти изградени намерно како одмазда на соседи, роднини или градски власти. Најчесто се градат поради спорови за земја, наследство, реметење на погледот и слично. И кога омразата ќе заврши и луѓето ќе починат, објектите остануваат како споменици за тоа за какви ситници луѓе знаат да се закрват. 

Џандари фатени сред инфилтрација во протести

Тргнувајќи од правилото дека не можеш да имаш квалитетни немири на протести без инфилтрирани безбедњаци, холандски полицајци вчера се обидоа истото да им го приуштат на земјоделците кои веќе десет дена протестираат низ земјата. Само беа инстатно вратени назад.

Ако немаат територија, нека јадат мапи

Премиерот на Украина претстави мапа за тоа која сојузничка држава кој украински регион ќе го обновува. На Италија и Полска им се падна Донбас, а Луганск ударнички ќе го градат Чешка, Финска и Шведска. Отприлика, само оние Русиштана (некако) да си отидат и се фаќаме за лопати.

И Тесла стигнаа да чекаат ред на „бензинска“

Проблемот со алтернативните извори на енергија главно избива на површина кога тие ќе почнат дури и најмалку да се приближуваат кон тоа да бидат примарни. Па на пример до сега лаганото одење на полнење Тесла, во Калифорнија почна да се претвора во неколкучасовно чекање ред.

Џордан Питерсон за забраната од Твитер

Твитер акаунтот му е суспендиран додека не избрише твит за кој твитерскиот Кремљ оценил дека содржи омраза и ги прекршил правилата. „Точно кои правила сум ги прекршил, копилиња едни?“ прашува Питерсон и објаснува дека ако го избрише „спорниот“твит, со тоа ќе го признае обвинувањето за прекршување на правилата. Тоа нè враќа на „Кои правила, копилиња едни?“

Ај па и ние да си дочекаме

Нигериски функционер (директор на агенција за развој) лажирал и симулирал паѓање во несвест откако јако го запукале со прашања „кај се парите“? А не само за парите, ние имаме прашања и за името, идентитетот, јазикот, историјата, корените.... Има хорски да се паѓа во несвест!

Навратилова за транс-жените: Не можете да имате сè

Мартина Навратилова има 18 Гренд слем титули, 8 пати освоен Вимблдон, позната е како ЛГБТ активист, имала и трансџендер тренер... Кај Пирс Морган јасно и гласно порачува дека не е фер кон жените во спортот да им се уфрлуваат биолошки мажи кои решиле да се произнесат како жени. Еднооставно, не е фер.  

Како се постигнува неподносливата кинеска беспрекорност на церемонии

Ништо комплицирано, само некој треба многу да вежба, многу да пази, многу да работи, многу да премерува и веројатно да му е јасно дека ќе го изеде црна земја ако нешто не е до милиметар под конец.

Рецепти за детски оброк од Анџелина Џоли

Земаш тарантула, ја чистиш и ја ставаш во тавче да се пржи. Па после истото го правиш на пример и со шкорпии или други пајаци. И сериозна е за ова.

На Португалија и се случија британски туристи

Бар во португалски Алгарве завршува под бараж од пластични маси и столици, кој доаѓа од група од дваесетина британски туристи, која претходно се спречкала со други гости на кафулето, па потоа продолжиле гневот да го истураат врз персоналот и обезбедувањето.

Путин доби „гига-астал“ за Каспискиот самит

Од почетокот на годинава, најверојатно заради здравствени ем безбедносни стравови, Путин главно практикува средбите да му се случуваат на маси со капацитет за одржување селска слава. На Каспискиот самит не беше ништо поразлично.

Руската страна на историјата

Во мај 1997, Борис Јелцин и сите лидери на на НАТО (со сите првотимци: Клинтон, Кол, Блер, Ширак, Солана...) во Париз го потпишуваат НАТО-Русија пактот, врз кој се градат идните односи меѓу Русија и државите на Алијансата.

„За малку“ што не сакате да го гледате во живо

Полн патнички брод (1.976 патници) сред океанската пустелија околу Аљаска одеднаш мора да почне да прави нагли маневри невообичаени за отворено море, кога во последен момент здогледуваат дека пред нив се појавилo парче мраз отцепено од глечерот Хабард. Па како не го виделе толкаво парче од подалеку? Како што истото тоа парче во вода станува речиси невидливо.

Германска енергетска криза во 4 чина

Во енергетскиот сектор во овие 5 месеци војна се испослучуваа драми кои обично треба да се случат во период од 20 години. Доволно големи и темелни драми да и долгорочни планови на земја како Германија да бидат разнишани и пеплосани како што не биле од Втора светска војна до денес.

Како Французите си го испраа мозокот?

Без големи зборови и гео-политички наравоученија, погледнете две состојби: кого Французите во 1945 година го сметаа за најзаслужен фактор за поразување на Хитлер и нацистичка Германија. И после истото прашање, за истиот тој народ, 60 години подоцна.

Се реши кризата со графички

Истите графички картички што до пред некој месец на црно се продаваа за над 1.000 долари, сега ем ги има во изобилие, ем се околу 300 долари. Се што се смени во меѓувреме беше целосен крах на крипто пазарот.

Та не е Боливуд само за филмови

Или ние веќе сме капитулирале и сме навикнале дека постојат само тоа корпоративните праволиниските реклами или во рекламава се случуваат многу работи. За почеток, Тајланѓанка на помош го вика својот боливудски суперхерој, а тој доаѓа како што се очекува од него - летајќи на бандера.

Одеднаш стана јасно што е жена

Откако падна уставната загарантираност на правото на абортус, одеднаш сите престанаа да зборуваат за „womxn“ за „цис-жени“, за „биолошки жени“. Преку ноќ на сите им стана јасно што е жена, прашање кое до вчера им беше крајно комплицирано да го одговорат. Добро, не баш на сите. Има уште збунети. Еве, на пример, оваа кукла.

Сте виделе ред за бензин, вакво нешто не

Изминатиов месец се случува комплетен крах на сè во Шри Ланка. Последно нешто е дека земјата остана без бензин / дизел, па сега луѓе чекаат пред бензинска по 12 часови.

И дожд ќе ви направиме

Во кинескиот град Пујанг (со некои си смешни 3,6 милиони жители) на облакодерите почнаа да се монтираат големи црева кои ќе поливаат сè под себе за да ги разладат граѓаните по горештините.

Се 'оградуваме' од оваа љубов

Ерика ЛаБри стана позната кога пред некоја година се венчаше со Ајфеловата кула. Сега има нова романтична врска, со дрвена ограда. И не само романтично туку и физички е привлечена од неа. „Во моментов , многу физички работи се случуваат меѓу нас,“ вели Ерика. Нормално дека физички бе, сестро слатка, кога седиш на неа.

Некој стварно им фрли бомба

Од милионите интерни монолози и маалски закани до дечурлана „ќе ви фрлам бомба“, една деновиве се оствари во украински Днепро, од 54-годишен маж кој во моментот не е многу при свест. Нема загинати, само едно дете е повредено.

Украина се крсти во кловнови

Оди па преброј уште колку украински војници и цивили загинаа во војната додека нејзините спасители лагано си набацуваа лоши фори сред она што тие самите го нарекуваат најтешката војна / злосторство / криза на европско тло од крајот на Втората светска војна.

Ако те загриза куче, стисни му желба

Веројатно ќе сфатите од прва, а можеби ќе треба неколкупати да го видите видеото за да го научите најефикасниот начин како на агресивно куче кое загризало човек да му се отворат вилиците. Не е тоа најелегантниот начин што може да ви текне, ама па ако знаете некој друг начин, вие слободно повелете со тој. 

Како со CNN?

Онака како што со нив се справи Кери Лејк, некогашна новинарка a денес кандидат за гувернерка на Аризона. Ја начекаа за интервју и оваа ги изремети дека со задоволство би зборувала... за CNN+. Стримингот кој рикна за само месец дена.