Од Гучи до кози

Пред четири години, Џули Ен Кајсер била воркохолик, со сопствен бизнис за односи со јавност во Тампа Беј, Флорида, и заработувала шестцифрени суми. Се журкала секој викенд, редовно се боцкала со Ботокс, носела Гучи и Луј Витон и патувала низ светот. И покрај сето ова, се чувствувала - празно.

Розе - Од заборавено вино, до хаштаг

Розе виното никогаш не било прв избор за пијачка никаде – ако пиеме вино, пиеме бело или црвено, пиеме жестоко, пиеме кисели води, ама розето, некако – не доживеа масовно опивање. До сега.

Учиме како се изговараат брендови

За да дојде до вакви видеа, некој се има изнаслушано неуки, псевдопомодари како проџвакуваат „Џивенчи“, „Балмеин“, или (пу-пу) „Кристијан Лакроикс“, па земал, завикал луѓе, ги снимил, и сега може да научиме конечно.

Како мачките го освојуваат светот?

Десет илјади години, мачките успешно го манипулираат човекот да ги двори и да им удоволува. Ги има на сите континенти, освен Антарктикот, значи ги бива за инвазија, а сепак кој што прави – ние им помагаме како едни робови на две нозе. Сега, истражувачи имаат откриено од каде точно мачките го започнале преземањето на светот.

Знаете што е Гламспин?

Извинете луѓе, ама сега има и фиџет спинер со лабела на него. Да.

Ќе се ископува телото на Салвадор Дали, да се види дали е татко

Дали не е во можност да се буни за тоа дали станал или не станал татко уште од '89-та, откако е закопан во неговиот музеј во Фигерас.

Сите сакаат да бидат Меланија

„Сакам да се чувствувам како Првата дама каква што знам дека сум, длабоко во себе.“

10 битни ствари за „Појадок кај Тифани“

Филмот што сигурно сте го гледале, книгата што лажете дека сте ја прочитале, и ситниците кои се битен дел од филмската приказна.

Најважните костими во Холивуд

Додека во некои филмови костимите постојат само за после некое време да ги снема затоа што така налага приказната, во Холивуд им се малку побитни. А излегува дека и на нас како публика, затоа што човек не може, а да не помисли баш на овие парчиња гардероба кога ќе го чуе соодветниот наслов.

Шо, дрескод?

Џо Барџ од Бакингемшир е вработен во фирма каде што машките не смеат да носат кратки панталони, но жените смеат да носат фустани, се разбира.

Порно костимографија: Како функционира?

Облеката баш и не е најважниот момент во порното. Но да не забораваме дека тоа што е голо, заради приказната и секогаш ултра-важниот вовед мора да биде облечено. А за да биде облечено – мора некој да го облече.

Во Лондон има јога со пиво

Како ли дошло до оваа идеја? Некој од тие јогини рекол „Све супер, ама уште не сме го освоиле Балканот до крај?“

Есекс има самовила како од Пепелашка

Немаат сите бугарска матура. Во едно гратче во Есекс, се случува едно девојче да се пожали дека не може да си дозволи фустан, ама тоа го прави баш пред едно друго девојче со својства на добра вила од бајка на Грим. И одеднаш, има фустан.

Цели 50 финти за уредување по дома

Не е само да се одлучиш меѓу тросед и двосед или Г - гарнитура. Некој седнал и смислил како да си ги украсиш штекерите, како терасата да ти заличи на кафич и колку прејако ќе ти дојдат саксии во купатило.

Жените сè помалку сакаат да се мажат

Порано имаше поинакви причини за мажење. Ама, многу порано - мажите ловат, мажите носат леб, мажите заработуваат, а жените се тие што чуваат куќа и деца. Вакви беа биолошките улоги и ваков беше редот. И поради ова, многу долго време никој не се ни потруди да му стави прашалник на концептот. 

Сега може нов нос без операција

Не нож -туку шприц, игла и хијалурон.

Како да спакуваш 100 ствари во рачен багаж?

Да се разбереме, тоа што искуството покажува дека на одмор никој не облекол повеќе од две парчиња облека, плус купачи, никако не значи дека ние баш оваа година ќе се опаметиме и нема да спакуваме 280 ситници „да ни се најдат“.

А вие мислите дека вашата свадба е скапа

Вака длабоко загазени во сезона на прескапи и гломазни свадби, додека се чудиме како успеваат да се потрошат илјадници евра на глорифицирана журка, не е лошо да помуабетиме колку тоа многу може да чини.

Карла Фенди отиде во модниот рај

Наследничката на малото дуќанче за кожа и крзна, прв пат отворено во 1925-та во Рим, кое подоцна стана империја на која што таа беше Генерал, веројатно сега пие кафе со Џани Версаче и конечно може да одмори.

Дали функционираат корсетите од Инстаграм?

Кога човек не може да се закопча, спремен е да проба што и да е. Вака од прилика почнува сведоштвото на Адријен Дидик од списанието на Опра, запишано после одредено време поминато во извиканите waist-trainers – корсети за намалување на обемот на струкот.

Што правел Холивуд пред пластичните операции?

Тоа што од скоро владеат силиконот и ботоксот, не значи дека старите холивудски ѕвезди не го чувствувале истиот притисок да бидат совршени. Од финтите заболува глава.

За сите што „нешто немате апетит“

Некогаш на интернет ве нервираат туѓи ставови, човечка глупост и неправда. А некогаш, некој вака безобразно ќе се занесе со објавување срамотни работи, и тебе после тешко. Е па, тешко.

Пол е жив!

Вчера наполни 75, да ни е жив и здрав. Нели, наспроти муабетот дека е умрен уште во 1966-та.

Во одбрана на културолошкото присвојување

Она што на интернет го среќаваме како cultural appropriation е новата причина луѓето на интернет да се прават парче меѓу себе, а во одбрана на истото, три уредници во Канада останаа без работа.