Есекс има самовила како од Пепелашка

Немаат сите бугарска матура. Во едно гратче во Есекс, се случува едно девојче да се пожали дека не може да си дозволи фустан, ама тоа го прави баш пред едно друго девојче со својства на добра вила од бајка на Грим. И одеднаш, има фустан.

Се вика Клои Левел и кога ја добила идејата, работела во дом за нега. Таму се појавило тоа девојче, што рекло дека не може да присуствува на матурската вечер затоа што не може да купи фустан. Тогаш Клои решава да ѝ купи фустан, но не може да престане да мисли на фактот што не е само тоа девојче, туку се многу што нема да можат да се израдуваат на матурата, само затоа што пригодните фустани се прескапи.

На социјалните мрежи, Клои почнува да шири акција за донации на фустани и се вклучуваат неверојатен број на луѓе. Успеваат да се соберат над 90 матурски фустани, од пријатели, роднини, познати и непознати, а мајка ѝ и татко ѝ ги чуваат и ги собираат кај нив 2 месеци до настанот што го нарекува „Ден на матурски фустани“.

Се пријавуваат и луѓе што нудат бесплатна шминка и фризура за девојките да изгледаат како што замислиле. Луѓето се проблематични суштества, но просто е фасцинантно колку можат да бидат прекрасни ако сакаат.

„Имав среќа да растам со брилијантни родители што ме поддржуваа во сè, но знам дека нема секој таква среќа. И сакам да ја споделам,“ вели Клои, на која што не ни ѝ треба магија (таква од волшебно стапче) за на дури 90 души да им направи „среќно засекогаш“.

Девојките – пресреќни и благодарни. А крајната порака на сета оваа прекраснотија?

Оваа идеја треба да продолжи.

23 јуни 2017 - 08:04