- Најпознатиот спортски лист во Португалија, A Bola спровел повеќедневна анкета меѓу читателите по повод ситуацијата со Кристијано Роналдо во репрезентацијата на Португалија.
- 41-годишниот најдобар стрелец во историјата на репрезентативниот фудбал ја напушти базата на Португалија во Копенхаген откако селекторот Жорж Жезус го загреваше како резерва на средбата со Норвешка неколку дена претходно и не го пушти во игра. Роналдо во отворено писмо тврдеше дека селекторот го погазил својот збор и дека поради тоа тој заминал од репрезентавниот камп.
- Повеќе од 70% од испитаниците во гласањето рекле дека казна за Кристијано Роналдо треба да биде отсуство на можноста да се врати во репрезентациајта. Околу 14% гласале дека се ќе се среди и олади за неколку дена. Околу 7% сметаат дека Роналдо треба да стане тренер-играч а 6% сметаат дека Жорж Жезус не го одржил својот збор и место во репрезентацијата има само за еден од нив двајца.
- Актуелниот тренер на Јувентус, Лучано Спалети спаѓа во категоријата топ италијански стручњаци. Седеше на клупата на повеќе италијански клубови и освојуваше разни трофеи. Сега е во Јувентус.
- За својата кариера вели: „Во Рома, тренирав навивачка армија, во Наполи тренираш цел град, во Интер тренираш традиција, со репрезентација тренираш нација. Во Јувентус тренираш менталитет: историјата на фудбалот. Јувентус е радост, гордост и одговорност. Тука се чувствувам среќен и слободен, рекол Спалети за торински Тутоспорт.“
- Кошаркарскиот клуб Монако, актуелен француски шампион и двократен учесник на Фајнал Фор на Евролига во последните пар сезони, соопшти дека поради тоа што не може да ги подмири финансиските долгови, ги прекува сите операции и се надева дека ќе успее да најде пат за реструктурација и евентуално враќање.
- „И покрај вложени напори, АС Монако Баскет е ставен во форма на стечајна постапка. Клубот сега ќе се повлече, со надеж дека ќе најде начин да се реструктуира и еден ден повторно да го активира проектот. Нашиот тим го напушта теренот како непоразен во домашните натпреварувања минатата сезона, со сите најважни француски трофеи во својата колекција“, стои во соопштението на клубот.
- Претходно сопственикот на клубот кој го направи редовен евролигаш и главна сила во француската кошарка, Русинот Алексеј Федоришев се соочил со сериозен финансиски крах поради замрзнување на неговиот имот поради меѓународните санкции и правни проблеми што довело до тоа клубот да влезе во постапка на решавање на неликвидноста и да ги сопре сите активности.
- Во Италија имало судски постапки каде бил запленет имотот на Федоришев со што клубот останал без главниот извор на финансирање. После тоа Монако неколку месеци не можеше да ги подмири сериозните доспеани обврски па беше исфрлен од француската кошаркарска федерација во аматерска четврта лига.