- Актуелниот тренер на Јувентус, Лучано Спалети спаѓа во категоријата топ италијански стручњаци. Седеше на клупата на повеќе италијански клубови и освојуваше разни трофеи. Сега е во Јувентус.
- За својата кариера вели: „Во Рома, тренирав навивачка армија, во Наполи тренираш цел град, во Интер тренираш традиција, со репрезентација тренираш нација. Во Јувентус тренираш менталитет: историјата на фудбалот. Јувентус е радост, гордост и одговорност. Тука се чувствувам среќен и слободен, рекол Спалети за торински Тутоспорт.“
- Кошаркарскиот клуб Монако, актуелен француски шампион и двократен учесник на Фајнал Фор на Евролига во последните пар сезони, соопшти дека поради тоа што не може да ги подмири финансиските долгови, ги прекува сите операции и се надева дека ќе успее да најде пат за реструктурација и евентуално враќање.
- „И покрај вложени напори, АС Монако Баскет е ставен во форма на стечајна постапка. Клубот сега ќе се повлече, со надеж дека ќе најде начин да се реструктуира и еден ден повторно да го активира проектот. Нашиот тим го напушта теренот како непоразен во домашните натпреварувања минатата сезона, со сите најважни француски трофеи во својата колекција“, стои во соопштението на клубот.
- Претходно сопственикот на клубот кој го направи редовен евролигаш и главна сила во француската кошарка, Русинот Алексеј Федоришев се соочил со сериозен финансиски крах поради замрзнување на неговиот имот поради меѓународните санкции и правни проблеми што довело до тоа клубот да влезе во постапка на решавање на неликвидноста и да ги сопре сите активности.
- Во Италија имало судски постапки каде бил запленет имотот на Федоришев со што клубот останал без главниот извор на финансирање. После тоа Монако неколку месеци не можеше да ги подмири сериозните доспеани обврски па беше исфрлен од француската кошаркарска федерација во аматерска четврта лига.
- На последниот состанок на сите претседатели на клубовите-членки во основачката структура на Евролига едногласно било решено да се одбие предлогот на НБА за проширување на Евролигата и застанување под закрила на најсилната светска лига.
- Понудата наводно не била ни приближно добра за евролигашите.
- На средбата еден до друг стоеле првите луѓе на европските кошаркарски гиганти Панатинаикос и ЦСКА Москва, Дмитрис Јанакопулос и Андреј Ватутин.
- Рускиот гигант и еден од најтрофејните европски клубови од февруари 2022-ра е исфрлен од Евролига заедно со сите други клубови и руски репрезентации поради почетокот на руската инвазија врз Украина.
- „Она што ќе го кажам е дека пред било што друго, ЦСКА Москва треба да се врати во Евролига зошто без оглед на големото ривалство на теренот сме големи предизвикувачи. Реал Мадрид, Панатинаикос, ЦСКА се европска кошарка. Без нив нема прав европски шампион“, напишал Јанакопулос на друштвените мрежи со слика со Русинот Ватутин.
- За тоа што ја одбиле НБА лигата да направат заедничка лига, контроверзниот газда на ПАО вели:
- „Некои тимови беа против експанзијата на НБА... Единствена логика за такво мислење е дека сега имаат добар третман или дека знаат дека немаат иднина зошто знаат дека не се одбрани за проширување. Или и обата“. Тој подоцна им честитал на домаќините на состанокот за одличната организација на вечерата во Комо во вторникот напладне.