Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Кои играчи беа дел од сјајното деби на Светско за Лионел Меси?

5 October 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Пред утрешниот емотивен последен натпревар за Лионел Меси во неговата репрезентативна кариера, против Бенин на пријателска средба, да се потсетиме како изгледаше неговиот прв натпревар на Мундијал со „гаучосите“.
  • На 16-ти јуни 2006-та година Аргентина ја совлада Србија и Црна Гора, тогашната заедница со 6-0. На тој натпревар Лионел Меси за првпат заигра на еден Мундијал. Во Берлин влезе во игра од клупата во 74' минута. Имаше 19 години. Набрзо му асистираше на Ернан Креспо за негов рекорден четврти гол на мечот а подоцна во 88-ма минута и самиот го даде последниот гол за дефинитивни 6-0. Ова беше втор натпревар на Аргентина на тоа Светско првенство 2006 а завршија први во група Ц.
  • Кои играчи беа дел од тој натпревар за Аргентина и за Србија и Црна Гора?
извор

Конте за финансиската моќ на премиерлигашите: „Тие користат базуки, а сите останати пиштоли“

5 October 2026
  • Share
  • Post
  • Италијанскиот стратег кој со голем успех ги водеше Јувентус и Челси каде освојуваше шампионски трофеи, беше уште и тренер на Тотенхем и Наполи. Тој добро ги познава околностите во големите премиерлигашки клубови. Во моментов е без ангажман откако на крајот од минатата сезона во мај/јуни во не баш најдобри односи си замина од Наполи.
  • Во интервју за Атлетик зборувал на разни теми, а една е и огромната финансиска предност која островските клубови ја имаат во однос на остатокот од Европа.
  • „Во Англија денес користите базуки, додека сите останати и натаму користат пиштоли“, сликовито го објаснува односот Конте на премиерлигашите со сите други лиги и додава: „Но мораме да бидеме внимателни и кога е во прашање начинот на кој тие пари се трошат. Затоа е важно да се носат прави проценки и да се има визија - зошто можете да ги имате сите пари на светот, но мора да знаете како да го потрошите паметно“.
извор

Селекцијата на Бенин патувала 23 часа до Аргентина, а во хотелот немало топла вода

5 October 2026
  • Share
  • Post
  • Додека Аргентина се подготвува за последниот настап на Лионел Меси, во вторник на стадионот Монументал во Буенос Аирес, нивните противници се соочуваат со низа проблеми во пресрет на натпреварот.
  • Мегаспорт пишува дека условите за нивното гостување се далеку од идеални. Играчите немале топла вода во хотелот, сауната била во дефект, недостасувала опрема, а фитнес салата била несоодветна за професионален тим. Покрај тоа, репрезентацијата на Бенин патувала 23 часа во економска класа, а видео-аналитичарот Жонас Биде доживеал колапс.
  • Претходно и Буркина Фасо имала слични проблеми и поради низа пропусти на Аргентинската фудбалска федерација околу организацијата на патот, многу репрезентативци одбиле да патуваат и поради тоа настапиле со изменет состав составен од играчи до 23 години кој загуби 7:0.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Самоил и дупките

Балканштина
2

Туѓото лесно се подарува

Балканштина
3

Никола Јокиќ, глич во НБА Матриксот

Видео
4

Зденка цела да е

Македонштина
5

Мирисот на Мосад

Разно
6

Поетски толкувања

Балканштина
7

Наш Вилипче ги потепа Шкотите со ракија и макало

Разно
8

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
1

Фудбалски распад систем на Македонија

Фудбал
2

Почна Јокиќ со магиите а?

Кошарка
3

Офсајд на Либија за кладилница

Фудбал
4

Не е нормално што прави дечково - дајте му ја Златната топка

Фудбал
5

Португалија пак победи без Роналдо - ревија од прекрасни голови во Порто

Фудбал
6

Јако шоу на Ѓоковиќ и Ѕверев на мрежа

Разно
7

Селекторот на Ирска не стопира: „Не треба да играме со Израел, УЕФА треба да стори нешто“

Фудбал
8

Капитенот на Ирска одби да се ракува со капитенот на Израел - поради Газа

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Наш Вилипче ги потепа Шкотите со ракија и макало

Балканштина

Самоил и дупките

Балканштина

Поетски толкувања

Балканштина

Туѓото лесно се подарува

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Да го пратиме Блаже на Тибет!

Каков човек е Даниел Кајмакоски?

Стварно се цареви

Вака ли бе МТВ?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy