- Шпанија доминира со светскиот фудбал. Шпанците се актуелни светски, европски и олимписки шампиони. Европски прваци се и во У-19, а берба на трофеи имаше и шпанската женска фудбалска репрезентација.
- Но според договорот кој го имаат со германскиот производител на опрема „адидас“, Шпанците со 18.000.000 евра годишно, заработуваат неверојатно помалку од другите фудбалски федерации. На пример Франција, Германија и Бразил заработуваат околу 100.000.000 евра годишно од своите технички спонзори.
- Бразилците во декември 2024-та го продолжија договорот со Најк до лето 2026 за што ќе добијат 100.000.000 евра годишно. Фаранцузите потпишаа нов договор со Најк вреден 85.000.000 евра во кеш и 15.000.000 во опрема. Германците после 70 и кусур години ја раскинаа верноста со адидас и преминаа на Најк кој им е спонзор за двојно поголема сума. Германците наместо досегашните 40.000.000 до 50.000.000 евра годишно, сега од 1-ви јануари ќе добиваат од Најк 100.000.000 евра годишно.с
- Помладиот брат на Килијан Мбапе, Итан Мбапе кој игра за француски Лил доби драстична казна од УЕФА за црвениот картон на дуелот со Реал Бетис во Лига на шампиони. Итан Мбапе (19) доби директен црвен картон по намерниот удар со лакт кон бразилскиот одбранбен фудбалер Натан.
- УЕФА му даде на Итан Мбапе 3 натпревари суспензија па тој нема да биде во составот на Лил на следните дуели во европската елита.
- Тренерот на Тиквеш, Оливер Богатинов е Македонец од Словенија. Роден е во Јасенице близу Крањ 1978 година, а сега со кавадарчани како тренер прави чуда во ПМФЛ во изминатата сезона.
- „Како прво јас сум и Словенец и Македонец, имам два пасоши. Роден сум во Словенија, но со длабоки македонски корени“ вели Богатинов на почеток во интервјуто за СпортСпорт, кој инаку бил на првиот меч на Македонија на 13 октомври 1993 година, кога ја доби Словенија со 1:4.
- „Во текот на целиот меч гледав само во еден играч на теренот, во Дарко Панчев. И јас бев напаѓач па се обидував нешто да „украдам“ од Дарко, кој за мене тогаш најдобар напаѓач во светот, за мене тој беше божество. Бев пресреќен што во живо го гледав мојот идол“.
- „Очекувам подобро издание на Македонија вечерва. Македонија има потенцијал во средниот ред, пред сè тука се Елмас, Барди, малиот Матеј Гаштаров. Сепак ќе треба време коцките да се наместат. На Седлоски како и на неговиот вечерашен ривал, а некогашен соиграч од Динамо Загреб, Боштјан Цесар, ќе му треба време. И двајцата беа стопери па затоа вниманието им е во дефанзивата. Словенија има одличен голман во Облак, има добра одбрана, ама има проблеми во нападот, посебно кога го нема Шешко“, смета Богатинов.