- Кристијано Роналдо реши да продолжи да игра за репрезентација и го прифатил повикот на новиот селектор Жорже Жезус кој уште изминатово лето изјави дека Роналдо ќе игра за репрезентација додека му се игра.
- 41-годишниот апсолутен светски рекордер по број на постигнати голови во дрес на репрезентација, вели дека тој се уште верува дека може да придонесе на и надвор од терен и вели дека ќе се повлече од репрезентација кога ќе почуствува дека веќе не е способен да помогне.
- „Да, размислував. Секако, секогаш размислувам за моите одлуки, за иднината, за сегашноста исто. Јас сум размислувач. Мораш да размислуваш. Тоа е зошто ме гледате овде сега, тоа значи дека ќе продолжам. Имав разговор со претседателот (на фудбалската федерација на Португалија), со нашиот селектор, се уште верувам дека можам да помогнам како што тие сакаат и ќе завршам кога ќе сфатам дека не правам ништо тука. Мислам дека можам да му дадам поддршка на националниот тим, не само преку голови туку и надвор од фудбалот“, рекол Роналдо пред дуелот Норвешка - Португалија.
- Неверојатните бројки од 979 гола во кариерата го прават еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Тој наскоро се очекува да стигне до јубилејната 1.000-ка.
- Се сеќавате ли на Никола Ѓорѓев, кој беше дел од селекцијата на Македонија У-21, која за прв пат заигра на едно Европско првенство 2017-та година?
- Роден е во Цирих, генерација 1997-ма, таму ја почна кариерата во Грасхоперс и заигра за сите младински селекции на Швајцарија сè до У-19.
- Потоа се случи пресврт и преку Македонија У-21, стигна и до сениорскиот дрес. Има 5 настапи, а последен му е против Лихтенштајн на гости во 2017-та.
- Ѓорѓев летово потпиша за швајцарскиот второлигаш Ксамакс.
- Групата „Сотокултура“, една од водечките групи меѓу навивачите на Шалке со официјално соопштение објави дека се збратимува со навивачката група на Борусија Менхенгладбах:
- „Внимателните читатели можеби веќе забележаа: одделот „Пријателства“ стана побогат за уште еден клуб. Контактите со навивачката сцена на Менхенгладбах постојат поточно уште од раните 2000-ти години. Иако таа врска едно време беше прекината, повторно е воспоставена во текот на изминатата деценија“, стои во соопштението во фанзинот на навивачите на Шалке 04 „Blauer Brief“.
- „Согласно на тоа, навивачките клубови на Шалке 04 и Гладбах во последно време сè повеќе се зближуваа. Посебно во текот на неколкуте претходни сезони речиси да немаше натпревар на кој не си пружавме поддршка едни со други. Поедини членови дури преминуваа од еден во друг автобус. Сепак, ние и групата 'Сотокултура' не сакавме да брзаме, туку се правевме постепено“, напишале ултрасите од Гелзенкирхен.
- Ривалитетот со Борусија Дортмунд им е заеднички и на двете групи па оттука и причина плус за нивно поголемо зближување едни со други.