
Луѓето што креираат содржини на социјални мрежи во битка против прекумерното трошење и ненормалните јадици на капитализмот не се нова појава, ама стануваат сè покреативни. Ви текнува кога ви кажувавме дека е можно да влегуваме во ера на анонимни инфлуенсери?
Таква е menzdriver на ТикТок - ни лицето не ѝ се гледа, а ни телото - со една рака и едно рамо споделува на што сè паметно штеди, што сè не ѝ треба (а ни нам) и овој пат и што нема намера да обнови.

На пример, има Ајфон 13. Знаеме како работат ајфони и колку долго траат - ај размислете дали мора нов, и подетално - кога ќе дојде време за нов?
Мора ли неколку маскари? Неколку кармини во слична нијанса? Повеќе серуми за лице што бркаат слична работа и се слични по квалитет, без разлика што се сите добри? Повеќе (непочнати) тефтери? И така натаму, до бескрај?