Еден бордел и неговото правило од 8 секунди

Според менаџерката, правилото стапува на сила и во случај муштеријата да заспие.

Менаџерката Кетрин Де Ноар која работи ноќна смена и паралелно спрема докторат по организациска психологија, споделува на ТикТок дека секоја приватна соба е опремена со копче за паника што вработените можат да го активираат ако се почувствуваат небезбедно. Системот е намерно тивок: притискаш, обезбедувањето добива сигнал, а клиентот во собата не слуша ништо.

Вработените се обучени да го користат системот доколку клиентот стане агресивен, се заканува, или на кој било начин предизвикува чувство на несигурност.

„Работиме според она што го нарекуваме правило од осум секунди“, објаснува Де Ноар. „Откако ќе се активира копчето за паника, обезбедувањето мора да стигне до собата во рок од осум секунди. Тоа не е само препорака, туку строг протокол.“

За да го постигнат ова, членовите на обезбедувањето редовно прават вежби и ги усовршуваат најбрзите маршрути до секоја соба.

Сепак, интересното е што ретко се активира поради насилство - општо, се активира еднаш до два пати месечно. По девет години работа во објектот, Де Ноар вели дека никогаш не доживеала сериозен случај на агресија. Не, причината е најчесто почудна: или клиентот не сака да си оди (а истечено му е времето), или толку длабоко спие, што не може да се разбуди.

Што значи, заспиеш ли, или се правиш наудрен, секако леташ за 8 секунди.

Инаку, за такви како нас што се интересираат за логистика и администрација на бордели, објектот има 100 соби и секое утро се затвора од 6 до 10 часот за чистење и одржување. Посетеноста расте околу пладне, кога доаѓаат канцелариски работници за време на паузата за ручек, а следниот пик е меѓу 15 и 17 часот.

Вечерните смени пристигнуваат меѓу 18 и 20 часот. Подоцна посетеноста опаѓа, пред повторно да порасне меѓу 1 и 4 часот наутро.

Пристоен дуќан.

12 September 2026 - 12:02