Ванчо Балевски го прати, а Матеј Гаштаров е бисер во рудникот на Црвена звезда
24 August 2026
- Матеј Гаштаров (19) дошол случајно во Црвена звезда, на проба кај младинците. А би можел да стане еден од првите бонуси на тренерот Алберт Риера, пишува новинарот на Моцарт Спорт Дарјан Недељковиќ, добро упатен во случувањата на „Маракана“.
- „Мошне занимлива приказната е врзана за доаѓањето на високиот фудбалер од среден ред во Црвена звезда. Луѓето од ул. „Љутица Богдан“ добиле повик од Ванчо Балевски, познат менаџер од Македонија. Искусниот фудбалски работник ги убедил луѓето од младинската школа дека треба да го земат Гаштаров на проба и „дека во ДНК-то на Црвена звезда е да има Македонец во своите редови“.
- Дошол Гаштаров на проба и од голем број клинци од разни краишта единствен останал. Играл на почетокот за кадетите на Црвена зввезда а клучна шанса му дал тренерот Ненад Милијаш. Гаштаров играше и во младинската Лига на шампиони против младинците на Барселона и Штутгарт.
*******************************************************************
Најдоски и Панчев му посакаа среќа на големиот талент Гаштаров
Како Матеј Гаштаров спаси чист гол и доби висока оценка
Риера: Ако некој треба да пофалам, тоа е Гаштаров кој одржа мастерклас
Македонски бисери во прв тим на Црвена звезда, едниот дебитираше