- Младиот 38-годишен белгиски тренер Себастијан Покоњоли е нов селектор на Шкотска.
- Покоњоли во играчката кариера играше за Стандард Лиеж, Генк, АЗ Алкмар, Хановер, Вест Бром, Брајтон и Унион Сен Жилоа. Токму во последниов клуб ја започна и тренерската кариера како предводник на тимот до 21 година. Потоа ги тренирал и младинците на Генк па бил и селектор на младинската селекција на Белгија У-18.
- Од 2025-та до 2026-та беше тренер и на Монако. Сега е претставен во селектор на Шкотска. Дебито ќе го има на Арена „Тодор Проески“ против Македонија 3. октомври од 20.45 часот.
- Според последните податоци Џеф Безос е четвртиот најбогат човек на светот, а ова ќе му биде прво вложување во кое е вклучен некој спортски клуб.
- Компанијата Fenway Sports Group (FSG), сопственик на фудбалскиот гигант Ливерпул во петокот соопшти дека е постигнат договор околу продажбата на околу третина од сопствеништвото во клубот.
- Сопственикот на овој дел стана конзорциум кој го вклучува и милијардерот Џеф Безос, основач на Амазон. Првиот човек на Ливерпул соопшти дека потпишаниот договор е конечен.
- Овој конзорциум го предводи Амит Батиа, зет на челичниот магнат Лакшми Митал кој е поранешен акционер во неколку клубови меѓу кои и второлигашот Квинс Парк Ренџерс. Меѓу вложувачите се наоѓа и Едуардо Саверин, косопственикот на Фејсбук.
- Новак Ѓоковиќ изгуби на стартот на Мастерсот во Синсинати од младиот Аргентинец Тиаго Аугустин Тиранте во три сета со резултат 2-6, 6-4, 6-4.
- Тиранте е на 50-то место на АТП листата а ова е првпат Новак Ѓоковиќ да изгуби во воведното коло во Синсинати уште од далечната 2007-ма.
- Новак доминираше на стартот лесно, рутински го освои првиот сет со убедливи 6-2. Но веќе од вториот сет високите температури и неподносливи горештини како да го намачија Ѓоковиќ па при резултат 2-2 во вториот сет тој поврати и бараше лекарска пауза. Во еден момент буквално падна на колена од исцрпеност па лекарите интервенираа со ладни крпи и лекови да го освежат.
- Аргентинецот сервираше феноменално во продолжение од мечот (дури 13 аса) и направи пресврт па славеше со 2-1 во сетови после 204 минути игра.
- Следен предизвик на Новак Ѓоковиќ ќе му биде УС Опен кој започнува на 30-ти август.