- РК Вардар ги информира своите навивачи дека цената на сезонскиот билет за натпреварувачката сезона 2026/27 ќе изнесува 4.500 денари:
- Со сезонскиот билет ќе бидат опфатени сите домашни натпревари на РК Вардар од групната фаза во Лигата на шампионите, како и сите натпревари од домашното првенство и Регионалната лига.
- Продажбата ќе започне за неколку дена. Во моментов се тестира платформата за продажба, а клубот дополнително ќе ја информира јавноста за точниот термин кога навивачите ќе можат да ги купат своите сезонски билети.
- За натпреварите што ќе се играат во СЦ „Јане Сандански“, секој сопственик на сезонски билет ќе има свое место, кое ќе може да го одбере при купувањето. Во оваа сала ќе се играат сите домашни натпревари од Лигата на шампионите, како и дерби средбите против Еурофарм Пелистер, Охрид и Алкалоид во регуларниот дел од сезоната и во разигрувањето за титулата. Во „Јане Сандански“ ќе се играат и натпреварите од Регионалната лига за кои ќе има поголем интерес од публиката.
- Секој сопственик на сезонски билет ќе добие пластифицирана сезонска карта, која ќе важи за сите натпревари вклучени во пакетот.
- По завршувањето на продажбата на сезонските билети, ќе започне продажбата на поединечни билети за секој натпревар.
- Голем скандал го потресува Европското првенство во спортска гимнастика кое во четврток почнува во Загреб. Хрватска нема да ја прими руската репрезентација во цел состав зошто на дури 9 членови не им била одобрена виза за влез и престој во земјата.
- Меѓу оние кои ќе го пропуштат Европското првенство е и Ангелина Мељникова, најголемата ѕвезда на светската гимнастика.
- Мељникова (26) во кариерата освои три светски титули, олимписко злато на Олимписките Игри во Токио во 2021-ва. Виза не добила уште една олимпијска шампионка, Русинката Викторија Листунова.
- „Селективно издавање визи претставува елиминација на еден од главните конкуренти“, рекле од Рускиот гимнастичарски сојуз.
- Ним велат најпроблематично е што не добиле баш никакво образложение зошто визите се одбиени на 9 члена на репрезентацијата на Русија.
- Турнирот во Загреб ќе трае до 23 август и ќе има околу 600 натпреварувачи.
- Како и што се најавуваше, така и се испостави. Конзорциум основан од сопственикот на Амазон и еден од најбогатите луѓе на светот Џеф Безос е близу да договори откуп на 30% од акциите на англискиот трофееен клуб Ливерпул.
- Компанијата од САД која го води клубот од „Енфилд Роуд“ Фенвеј Спортс Груп и која има мнозински пакет акции, неделава и официјално ќе ја објави трансакцијата со компанија на Џеф Безос кој би купил 30% од акциите.
- Акционери заедно со Безос би требало да станат уше и Амит Батиа, милијардер кој до скоро беше акционер во Квинс Парк Ренџерс и неговиот роднина, Индиецот кој тежи милијарди Лакшми Митал, сопственик на најголемите железари на светот. Се споменува и Едуардо Саверин, еден од ко-основачите на Фејсбук.
- Групата инвеститори предводена од Џеф Безос ги проценува 30% акции на Ливерпул на околу 4,4 милијарди фунти (околу 5 милијарди евра).