Карл Билт прави шведска верзија на МИ6
27 July 2026
- Откако шведската воена разузнавачка агенција потфрли со проценката дека „Русија нема да изврши инвазија врз Украина“, Владата во Стокхолм создава нова шпионска служба UND, која според начинот на дејствување ќе потсетува на британската МИ6.
- Новата цивилна агенција е дизајнирана од поранешниот премиер Карл Билт, кој подоцна беше главниот мировен посредник на Европа за војната во поранешна Југославија.
- Во рамките на UND ќе биде вклучена „Канцеларија за специјално прибирање податоци“, чии агенти уфрлени во странство ќе спроведуваат тајни операции.
- Се очекува шведскиот парламент да го одобри формирањето на агенцијата до 13 август, пред изборите во септември, а UND би требало да функционира од јануари идната година.
- И други европски земји забрзано ги реорганизираат своите служби за надворешно разузнавање. Берлин ја ослободи BND од строгите правила за почитување на приватноста кои ѝ ја ограничуваа способност за следење на луѓе. Сè планира и потесна соработка на службите во заедничка европска мрежа, слична на Five Eyes во која се САД, Австралија, Британија, Канада и Нов Зеланд.