Водата во Гостивар може да се користи само како техничка
27 July 2026
- По десет дена забрана, гостиварци повторно можат да ја користат водата од градскиот водовод како техничка - за капење, перење и за домаќинството. Но, останува на сила најважната забрана: водата сè уште не смее да се пие ниту да се користи за приготвување храна.
- По интервенциите со хиперхлорирање и дезинфекција на водоводната мрежа, повеќекратни лабораториски испитувања покажале дека водата ги исполнува условите за техничка употреба, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој раководи со Управувачкиот комитет за координација и управување со кризи.
- Ќе продолжи испораката на флаширана вода до граѓаните.
- Водата во Гостивар беше забранета за пиење од 17 јули, откако беше утврдено микробиолошко загадување на водоводната мрежа со фекални материи. На 19 јули беше прогласена епидемија, а два подоцна Владата прогласи 30-дневна кризна состојба.
- До вчера 4.197 граѓани се јавиле на преглед поради здравствени проблеми поврзани со водата.