- Во Хрватска веќе на големо се зборува дека некогашниот селектор Славен Билиќ (57) се враќа на клупата на репрезентацијата која што ја водеше од 2006 до 2012. Неговото име веќе некое време се провлекува во јавноста како можен наследник на Златко Далиќ.
- Противкандидати му биле Ивица Олиќ, долгогодишен помошник на Далиќ и селектор на Хрватска У-21 како и Игор Штимац и Сергеј Јакуповиќ (Хал Сити).
- Во стручниот штаб на Славен Билиќ би требало да дојдат тројца негови долгогодишни соработници, Данило Буторовиќ, Деан Рачуница, Ватрослав Михачиќ и Ведран Чорлука кој беше и во штабот на Златко Далиќ.
- Македонскиот лев бек Филип Талески потпиша договор со тимот на Охрид за сезоната 2026/2027 со можност за продолжување за уште една сезона.
- Поранешниот македонски репрезентативец доаѓа од екипата на Татабања (Унгарија), а меѓународно искуство има и во двете германски екипи Рајн Некар Левен и Балинген, како и во Бенфика.
- Охрид уште еднаш испраќа јасна порака дека и следната сезона има високи амбиции, како во домашните натпреварувања, така и на европската сцена, каде што ќе го брани трофејот во ЕХФ купот.
- Претходно ги купи бековите Никола Зечевиќ, Мартин Карапалевски, Мартин Ивановски и Доминик Мате, крилото Адама Кеита, голманот Дино Славиќ и пивотот Шуичи Јошида.
- Двократниот европски шампион Пари Сен Жермен прави реконструкција на екипата па во меѓувреме заминаа Гонзало Рамош (Милан) и Кореецот Ли Канг-ин (уште неофицијално во Атлетико Мадрид), а се бараат нови средини за Рандал Коло Муани и Ибрахим Ембаје.
- Во меѓувреме Л'Екип пишува дека Ливерпул и Арсенал се сериозно заинтересирани за еден од најдобрите фудбалери на ПСЖ и Франција, Бредли Баркола кој игра како крилен напаѓач.
- „Нема проблем, цената е 150 милиони евра. Бујрум“, велат од ПСЖ.