Поради нерамномерниот распоред на копното, околу 90% од населението живее на Северната хемисфера.
Врвот на свртеноста на таа полутопка кон Сонцето не се јавува на летниот сонцестој, туку на 8 јули во 13 часот по наше време, кога, поради специфичната положба на Земјата, процентот на население кое истовремено е изложено на Сонце изнесува фасцинантни 99% од вкупната популација на планетата.
Ако моментот е пропуштен вчера, сличен процент ќе има и денес (9 јули) во истото време.
Излезете за момент и поздравете ги своите браќа и сестри во сиот свет огреани од исто Сонце.
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул ги повика членките на ЕУ да ги исполнат своите ветувања за проширување кон Западен Балкан. Предупреди дека со тоа, Унијата го ризикува сопствениот кредибилитет и влијание во регионот.
Вадефул потсети дека ЕУ им вети членство на земјите од Западен Балкан на самитот во Солун во 2003 година. Тој го критикуваше и германскиот учинок, потсетувајќи дека поранешната канцеларка Ангела Меркел го започна Берлинскиот процес 11 години подоцна, во 2014 година.
И покрај ова, нема конкретен напредок дури и по уште 12 години.
„Не ги исполнивме нашите ветувања“, рекол министерот. „Навистина би ги повикал сите да им покажат дека ветувањето од Солун е реално, дека сме веродостојни и дека на Европа може да се потпреме“.