- Нобеловецот Пол Кругман го споредува растот на акциите на SpaceX со манијата на купување криптовалути што ја покрена Доналд Трамп.
- Кругман тврди дека пазарната капитализација на компанијата на Илон Маск расте поради возбудата на пазарите, а не поради фундаментални фактори.
- „Сè за SpaceX во суштина е во возбудата. Всушност, тоа е меме-акција од 2,75 билиони долари. Единствените победници ќе бидат оние кои влегоа рано, предизвикаа пазарна возбуда и ќе излезат пред дното неизбежно да падне“, додаде Кругман.
- Првите сигнали за шпекулативна трговија се појавија вчера, кога акциите на SpaceX паднаа за 3%, откако во претходните денови ја зголемуваа вредноста за близу 20%.
- „На својот врв, биткоинот имаше пазарна капитализација слична на онаа на SpaceX сега. Сепак, фактот дека биткоинот е економски бескорисен за ништо друго освен за перење пари значеше дека неговите зголемени вреднувања се темелеа на верувањето дека администрацијата на Трамп ќе им дозволи на компаниите за крипто ефикасно да работат како нерегулирани банки. Како што паѓа рејтингот и политичка моќ на Трамп, така опаѓа и вредноста на биткоинот. Но, оние кои рано се вклучија во трговијата и им ги продадоа своите акции на оние што веруваат во Трамп, заработија многу пари“, објаснува Кругман.
- Кубанскиот парламент усвои 176 реформи со кои се намалува улогата на државата во економијата и се привлекуваат инвестиции во сите сектори, од банкарството до туризмот и земјоделството.
- Странските инвеститори повеќе не се обврзани да формираат заеднички деловни потфати со државата. Ќе бидат авторизирани големи приватни претпријатија. Кубански и странски инвеститори ќе можат да купуваат удели во државни компании.
- „Ова се најдлабоките реформи по Револуцијата во 1959 година предводена од Фидел Кастро“, оцени Даниел Торалбас, кубански економист во Лондон.
- Администрацијата на Трамп од јануари воведе тотална економска блокада на Куба. Островот повеќе не добива нафта од Венецуела, а во 2026 година пристигнал само еден танкер од Русија. На прашањето дали Куба сега е на нишанот на Трамп откако потпиша договор за прекин на војната со Иран, потпретседателот Џ.Д. Венс рече дека Вашингтон сака Кубанците да бидат „среќни и успешни“.
- Претседателот Мигел Дијаз-Канел изјави дека реформите не се воведени поради „притисокот од Јенките“, туку „за да се зачува социјализмот“.
- Поради новите израелски напади во јужен Либан е откажан почетокот на американско-иранските преговори за спроведување на одредбите од Меморандумот за разбирање.
- Американскиот потпретседател Џ. Д. Венс ја откажаа посетата на Женева поради „логистички причини“. Иран објави дека делегацијата останала во Техеран затоа што Израел ја прекршува одредбата од првата точка од меморандумот, за моментално прекинување на воените операции на сите фронтови, вклучително и во Либан.
- Во израелските воздушни напади во јужен Либан во текот на ноќта биле убиени најмалку 16 лица. Бомбардирањата се опишани како најжестоки во последните недели.
- Израелски сили истакнаа дека бомбардирањето било одговор на судири со Хезболах, во кои загинале четворица израелски војници.