- Земјите од блокот Г7 ѝ ветија на Украина дека ќе ѝ испратат повеќе оружје за да го забрзаат нејзиниот „напредок на бојното поле во војната со Русија во изминатите месеци“.
- Ќе ја зголемат испораката на системи и пресретнувачи за противвоздушна одбрана, како и ракети со долг дострел, соопшти Елисејската палата, како домаќин на самитот.
- Паралелно со поддршката за Украина, Г7 најави и поостри санкции за Русија, главно за нафтениот и гасниот сектор.
- На лидерите од Г7 денеска треба да им се придружат директорите на водечките технолошки компании - Сем Алтман од OpenAI, Демис Хасабис од Google DeepMind и Дарио Амодеи од Anthropic - на разговори за иднината на вештачката интелигенција и доминацијата на САД во индустријата.
- Кубанскиот парламент усвои 176 реформи со кои се намалува улогата на државата во економијата и се привлекуваат инвестиции во сите сектори, од банкарството до туризмот и земјоделството.
- Странските инвеститори повеќе не се обврзани да формираат заеднички деловни потфати со државата. Ќе бидат авторизирани големи приватни претпријатија. Кубански и странски инвеститори ќе можат да купуваат удели во државни компании.
- „Ова се најдлабоките реформи по Револуцијата во 1959 година предводена од Фидел Кастро“, оцени Даниел Торалбас, кубански економист во Лондон.
- Администрацијата на Трамп од јануари воведе тотална економска блокада на Куба. Островот повеќе не добива нафта од Венецуела, а во 2026 година пристигнал само еден танкер од Русија. На прашањето дали Куба сега е на нишанот на Трамп откако потпиша договор за прекин на војната со Иран, потпретседателот Џ.Д. Венс рече дека Вашингтон сака Кубанците да бидат „среќни и успешни“.
- Претседателот Мигел Дијаз-Канел изјави дека реформите не се воведени поради „притисокот од Јенките“, туку „за да се зачува социјализмот“.
- Поради новите израелски напади во јужен Либан е откажан почетокот на американско-иранските преговори за спроведување на одредбите од Меморандумот за разбирање.
- Американскиот потпретседател Џ. Д. Венс ја откажаа посетата на Женева поради „логистички причини“. Иран објави дека делегацијата останала во Техеран затоа што Израел ја прекршува одредбата од првата точка од меморандумот, за моментално прекинување на воените операции на сите фронтови, вклучително и во Либан.
- Во израелските воздушни напади во јужен Либан во текот на ноќта биле убиени најмалку 16 лица. Бомбардирањата се опишани како најжестоки во последните недели.
- Израелски сили истакнаа дека бомбардирањето било одговор на судири со Хезболах, во кои загинале четворица израелски војници.