Мнозинство од 55% од швајцарските гласачи на референдум вчера го отфрлија предлогот за ограничување на вкупниот број на жители, како мерка против засилената имиграција.
Предлогот, поддржан од десничарската Швајцарска народна партија (SVP) предвидуваше дека населението не смее да надмине 10 милиони пред 2050 година. Ако ја премине таа граница, Швајцарија треба да ја укине слободата на движење со ЕУ.
Предлагачите, сепак, оценија дека резултатите се повик до властите да изработат мерки против имиграцијата. „Фактот дека над 40% од гласачите рекоа „да“ на оваа иницијатива е јасен сигнал дека политичарите мора да преземат акција“, изјави Стефани Гартенман од SVP.
Швајцарија има 9,1 милиони жители и нејзиното население расте многу побрзо отколку во околните земји на ЕУ. Странците сочинуваат речиси 28% од вкупниот број и официјалните проекции предвидуваат дека ќе достигне 10 милиони до почетокот на 2040-тите.
Предлагачите на референдумот во кампањата тврдеа дека 10% од имигрантите потребни квалификувани работници потребни за економијата и дека барателите на азил статистички се почесто вклучени во криминал и силувања.
Мариус Борг Хоиби, најстариот син на норвешката крунска принцеза Мете-Марит, е осуден на четири години затвор поради обвиненија за силување на две жени во 2018 и во 2024 година.
Суд во Осло го ослободи од обвиненија за силување на две други жени. Против него беа покренати вкупно 38 обвинувања за силувања, насилство врз поранешна партнерка, за смртни и други закани, поседување дрога и сообраќајни прекршоци.
Хоиби (29) бил на возраст од четири години кога неговата мајка се венчала со престолонаследникот Хакон. Нема титула ниту службени должности, но практично израснал во кралското семејство и пресудата е силен удар врз угледот на норвешката монархија.
Адвокатите бараат Хоиби да биде ослободен од притвор за да може да помине повеќе време со својата тешко болна мајка, која страда од пулмонарна фиброза и од неодамна е на списокот за трансплантација на бели дробови.
Целосна демонтажа потврдува дека мобилниот телефон Trump Mobile T1 промовиран од претседателот Трамп е целосна копија на моделот HTC U24 Pro, кој од пред две години се произведува во Кина.
„Сè е исто, освен шемата на дупките во куќиштето“, заклучуват мајстори од порталот iFixit, кои го расклопиле телефонот до шрафче.
Оригиналот и копијата биле функционални дури и кога им биле заменети матичните плочи.
Цената на оригиналниот кинески телефон од средна класа е околу 470 долари (564 евра за европскиот пазар). Трамп го нудеше по привилегирана цена од 499 долари, за оние што платиле капар од 100 долари.
„Трамп Мобајл“ тврди дека добил 600.000 нарачки и се надева дека ќе продаде околу 30.000 телефони.