Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Некој во ЕУ ја блокирал Бугарија да ја побугарчи кирилицата

10 June 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Неименувана земја од ЕУ го спречила објавувањето на бугарската комеморативна монета од 2 евра во чест на кирилицата и поднела приговор поради натписот „бугарската азбука“.
  • Не е спомнато која земја ја дигнала рампата, но се шпекулира дека е Словачка, Хрватска или Словенија, па дури и Австрија.
  • Во описот на монетата се наведува дека дизајнот е композиција од кирилични букви „со идеја да се нагласи придонесот на Бугарија кон третата официјална азбука на Европската Унија“. Автори на проектот се Светлин Балездров и Стојан Дерчев.
  • Монетата требаше да биде пуштена во оптек во втората половина од 2026 година во 1 милион примероци.
извор

Брисел бара санкциии и за рускиот патријарх Кирил

10 June 2026
  • Share
  • Post
  • Патријархот Кирил, поглаварот на Руската православна црква, е вклучен на новиот список лица на кои ЕУ сака да им воведе санкции поради војната во Украина - да им ги блокира сметките и имотот и да ги спречи да патуваат во Европа.
  • Европската комисија не го открива идентитетот на лицата од проширениот список пред санкциите да бидат одобрени од сите 27 членки, но извори од Брисел потврдиле дека е допишано и името на патријархот.
  • ЕУ предложи санкции против патријархот Кирил и во 2022 година, но Унгарија тогаш стави вето на одлуката, со образложение дека тоа е прашање во врска со верски слободи.
  • Друга точка од 21-от пакет санкции од ЕУ за Русија предвидува забрана за влез во ЕУ на сите Руси што биле на воена служба во Украина откако почна војната во 2022 година.
  • Се бараат и санкции за банки, берзи за криптовалути и за уште 30 бродови од „сивата флота“ руски танкери натоварени со нафта и гас.
извор

Лабуристите го обвинија Маск за палењата во Белфаст

10 June 2026
  • Share
  • Post
  • Британската владејачка Лабуристичка партија го обвини Илон Маск дека со порака на X ги поттикнал големите нереди во Северна Ирска како реакција на ѕверскиот напад на азилант со нож врз маж во Белфаст.
  • „Само со ПОВТОРНО и ГЛАСНО протестирање ќе има некаква промена!!“, порача Маск пред протестите и сподели десетина локации на кои ќе се собираат луѓе.
  • „Ужасно е. Секој што се обидува да поттикне и искористи ваква ситуација за да ја спроведе својата политичка агенда, греши и прави штета. Деца и семејства мораа да ги напуштат своите домови. Не сакаме да видиме вакви нарушувања, штета, бандитство, насилство на нашите улици, и секој што се обидува да го предизвика тоа треба да биде осуден“, изјави Ана Тарли, претседавач на Лабуристичката партија.
  • Напаѓачот е идентификуван како Хади Алодид, азилант на Судан, кој морал да ја напушти Британија во септември 2023 година.
  • Лекари сè уште се борат да му го спасат животот на Стивен О’Гилви, жртвата на нападот. Тој го изгубил левото око, а има и сериозни повреди на десното и на вратот.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Скопје добива нов и супер модерен објект

2

Професор по хрватски јазик на Милионер

Балканштина
3

Некој во ЕУ ја блокирал Бугарија да ја побугарчи кирилицата

4

Па вие пак слабејте

Балканштина
5

Во Албански театар, глумец нема играно претстава цели 15 години

6

Ѕверски напад од Суданец го запали Белфаст

Свет
7

Украина поставила мрежа над 1.000 километри патишта

8

Ако го видите, поздравете го

Македонштина
1

Некој во ЕУ ја блокирал Бугарија да ја побугарчи кирилицата

2

Во Албански театар, глумец нема играно претстава цели 15 години

3

Ѕверски напад од Суданец го запали Белфаст

Свет
4

Украина поставила мрежа над 1.000 километри патишта

5

Западот е сето она што ви рекоа дека е Кина

Мислења
6

Австралиското вино старее како бензин

Занимливости
7

Преку ноќ станал турски билионер, а не може да повлече ни лира

8

Мета сака со паметни очила да снима лица

Технологија
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Бисери на балканскиот маркетинг

Балканштина

Како се отвора безалкохолно пиво?

Балканштина

Историјата на линијата

Балканштина

Па вие пак слабејте

Балканштина

Професор по хрватски јазик на Милионер

Македонштина

Ако го видите, поздравете го

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Мали тајни на Стојан Тачката

Мистерии на оргазмот

Русите ги сакаат Бугарите

Сепак сме Словени

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy