Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Битка за пехарот во Купот на Македонија: Шкендија или Силекс?

20 May 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Фудбалерите на Шкендија Тетово и Силекс од Кратово вечерва од 20:00 часот на „Градски стадион“ во Скопје ќе се судрат во финалето на Купот на Македонија.
  • Силекс ќе се обиде да стигне до пехар после долги години а во таа намера може да му помогне и отсуството на двајца стандардни и важни фудбалери на Тетовци, Бесарт Ибраими и Роналдо Вебстер. Едниот е повреден, другиот суспендиран.
  • Шкендија сезонава има две победи (2-0 и 2-1) против Силекс а една меѓусебна средба заврши нерешено 1-1. Силекс како некогашен шампион на Македонија има и три трофеи во Купот, во 1994, 1997 и 2001-ва година. Шкендија славеше во Купот во 2016 и 2018-та.
  • Се очекува присуство на навивачки групи и на двете екипи.
извор

Кина со доживотна забрана за 17 фудбалски работници

21 May 2026
  • Share
  • Post
  • Од септември 2024-та година до сега Кина доживотно суспендирала 116 лица од фудбалот поради разни основи: од местење натпревари до коцка.
  • Кинеската фудбалска федерација во четвртокот соопшти дека како дел од голем корупциски скандал во еден од најпопуларните спортови во земјата на 17 лица им е изречена доживотна забрана за каква било функција во фудбалот во оваа земја.
  • Меѓу суспендираните со доживотни казни е и поранешниот прв човек на Кинеската фудбалска федерација Чен Жујуан.
извор

„Европски“ претставник без основни манири

21 May 2026
  • Share
  • Post
  • Навивачите на Шкендија пред натпреварот од финалето на Купот на Македонија ја исвиркаа македонската химна за време на интонирањето, извадија покривно знаме на кое алудираа на некаква поврзаност на ФФМ со ФК Вардар, скандираа погрдни националистички извици и што уште не...
  • Играчите на Шкендија наместо достоинствено да го признаат поразот од 1-0 од Силекс, да му честитаат на ривалот, да подадат рака на противникот како сиот нормален свет, тие не дојдоа ниту на доделување медали, стоеа пред нивните навивачи кои од нив бараа да ги соблечат дресовите.
  • Однесување далеку од некаков евро-претставник на земјава кој од сезона во сезона, од година во година покажува целосна непочит кон земјата од која им овозможува пат во еврокуповите.
  • Според правилникот на ФФМ, Шкендија треба да биде драконски казнета парично, со суспензија и со одземање на бодови за бројните инциденти во финалето на Купот на Македонија. На потег е Фудбалската федерација на Македонија.
  • Во соопштение од Шкендија Тетово доцна синоќа известија дека тие немале намера да го избегнат доделувањето на медали, дека фудбалерите отишле кај нивните навивачи да им се заблагодарат за поддршката и да им се извинат за разочарувањето. Престојот пред навивачите се оддолжил па затоа потраел подолго и не дошле по медалите.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Најопасната реченица на Балканот

Разно
2

Заблуди за далматинските пршути и панцети

Балканштина
3

Српски коментаторски таленти 3

Балканштина
4

Наш човек по стилот ќе го познаеш?

Македонштина
5

Ги реметеа за шинобусот, ама селото колку пола Лисиче стана Бундеслигаш

Фудбал
6

Турција ги напушта американските F-22 и F-35, прави свои

7

Солженицин: Вистинската слобода не е во бројот на опциите

Мислења
8

Зошто Иран има право да биде параноичен

Мислења
1

Ги реметеа за шинобусот, ама селото колку пола Лисиче стана Бундеслигаш

Фудбал
2

Тотенхем се за грев и Рајанер се мајтапи со нив

Фудбал
3

Чкембари: Не сакаме повеќе да живееме со нив во иста држава

Навивачи
4

Жестоко исвиркана македонската химна на финале на Куп

Фудбал
5

Последен пат кога Арсенал беше шампион на Англија

Фудбал
6

„Европски“ претставник без основни манири

7

Кузмановски се сели во Кувајт, ќе игра азиска Лига на шампиони

8

Омерагиќ за социјалните мрежи и прославата на ФК Вардар

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Победа! И над Пајакот има Пајак

Балканштина

Заблуди за далматинските пршути и панцети

Македонштина

Наш човек по стилот ќе го познаеш?

Балканштина

Српски коментаторски таленти 3

Македонштина

Фосилитe тазе ли ви се?

Разно

Македонија до Колумбија

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Додека ние сме живи, и додека тие се живи, вака:

(Вон)земјанинот Ли

Лагата метастазира побрзо од ракот

Нездрави писма на читатели

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy