- Еден од најтрофејните тренери во историјата, Карло Анчелоти го обнови договорот со Бразил до 2030 година. 66-годишниот Италијанец кој седна на клупата на Бразил во мај 2025-та откако го напушти Реал Мадрид, ја спрема репрезентацијата за Светско првенство.
- „Стигнав во Бразил пред една година. Од првата минута сфатив колку фудбалот и значи на оваа земја. За една година сработевме да го донесеме Бразил назад во светскиот врв но фудбалската федерација и јас сакаме повеќе - повеќе победи, повеќе време, повеќе работа. Сакам да и се заблагодарам на федерацијата за нивната доверба. Благодарам Бразил за топлото добредојде и за приемот“, рекол Анчелоти.
- „Лилјаците“ остварија историски успех и се пласираа на Фајнал форот на Евролига откако го исфрлија грчки Панатинаикос со три победи по ред. Проектот Валенсија започна пред две години кога во клубот е вратен човек со визија, а главни засилувања беа играчи од просечни шпански екипи.
- Дека визијата, системот и довербата се поважни од избезумено трошење пари кое делува како дупка без дно, покажа Валенсија. Екипа која многумина пред почетокот на сезоната не ја гледаа ниту во првите 10 во Евролига, ги замолкна неверниците и преку повеќекратно поскапиот Панатинаикос стигна до Фајнал Фор.
- Педро Мартинез заслужено го понесе признанието најдобар тренер во Евролига сезонава, а неговите алхемичарски способности ќе останат запишани во книгите на кошаркарската историја.
- Со Жан Монтеро кој дојде од малку познатата Андора и Бадио кој пристигна од Манреса, скромни шпански тимови со помал буџет, Валенсија направи чудо.
- Реал Мадрид минува уште една сушна година па по годините доминација, пак останува со куси ракави. Не освоија пехар ниту во домашна Ла Лига каде Барселона ја одбрани титулата и тоа со победа баш против „кралскиот клуб“, ниту во Лига на шампиони, ниту во домашниот Кралски куп каде испаднаа од третолигаш.
- Слабата сезона на толку вложувања придонесе за тренерска смена па наместо Чаби Алонсо дојде в.д. тренерот Алваро Арбелоа кој немаше ништо позначителен успех.
- Флорентино Перез и управата на Реал Мадрид посегнуваат сега за едно старо, добро познато име, искусниот Жозе Мурињо кој ги тренираше Бенфика, Порто, Челси, Интер, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Рома и Реал Мадрид од 2010 до 2013. Ова ќе биде практично враќање на клупата на Португалецот во Реал.
- Тој во меѓувреме запрашан од новинарите во Португалија, се правел како ништо да не знае и рекол дека чека сезоната официјално да заврши, да го доиграат последниот натпревар од првенството со Бенфика па ќе одлучува.
- „Немам никаков проблем со Мурињо. Мислам дека е голем професионалец. Само што не го сакам во Реал Мадрид. Верувам дека на други тренери подобри би им легнало да го водат клубот на мојот живот. Лично мислење е ова. Ништо повеќе. Кога Реал Мадрид две сезони е без титула, тогаш е нешто за загрижување. Ел Класико беше тешко уште пред да почне. Мора веќе да гледаме кон следната сезона и да заборавиме на оваа“, порачал легендарниот голман на Реал Мадрид Икер Касиљас кој освои 19 шампионски пехари за 16- годишен престој во Реал.