- Кристал Палас игра сезона од соништата и се пласираше во финалето на Конференциска Лига, третото по ред натпреварување на УЕФА.
- Лондонскиот клуб во полуфинале го совлада Шахтјор Доњецк со вкупен резултат 5:2 (на гости славеа во Полска 1-3, а дома 2-1).
- Тренерот Оливер Гласнер минатиот викенд ги одмораше клучните играчи во поразот од Борнмут зошто ги чувал за историската вечер во Лондон.
- Кристал Палас ќе игра во финалето против Рајо Ваљекано а дуелот е закажан во Лајпциг на 27-ми мај од 20.00 часот. И двата клуба ќе играат за прв европски трофеј во нивните клупски истории а Рајо Ваљекано со пласманот во финале на шпанскиот фудбал му донесе уште еден, петти претставник во Лига на шампиони за следната сезона. Премиер лига би можела да има дури 6 во ЛШ следната сезона.
- Шпанските медиуми, во прв ред Марка и АС пишуваат дека тензијата во Реал Мадрид се зголемува од ден на ден и дека е дојдена до критична точка од која нема враќање.
- Откако пред неколку дена левиот бек Алваро Карерас потврди преку објава на Инстаграм дека имал изолиран инцидент (наводно Рудигер му удрил неколку шлаканици па ги раздвоиле), сега стигнува нова непријатна вест од Реал Мадрид.
- Наводно капитенот Феде Валверде и Французинот Чуамени неколку пати се степале а последниот пат Чуамени го нападнал Ургуваецот по што овој морал да оди во болница да побара помош.
- Во недела Реал Мадрид го очекува Ел класико со Барселона на гости каде Каталонците би можеле и дефинитивно да ја освојат шампионската титула.
- Meѓународниот центар за спортски студии (CIES) со седиште во Нојшател, Швајцарија, објави истражување за просечната возраст на тренерите во 55 фудбалски првенства ширум светот, а резултатите покажаа дека бугарската лига има највозрасни тренери во светски рамки.
- Според анализата, просечната возраст на 16-те тренери во бугарската елита изнесува 55,6 години, што е највисок просек меѓу сите анализирани шампионати.
- Најстар тренер таму е Ѓоко Хаџиевски, кој со 71 година одлично ја води Спартак Варна.