- Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар и официјално поднесе иницијатива за Јужната трибина на Националната арена „Тодор Проески“, да го носи името на легендата Васил Рингов кој почина пред крајот на 2025 година. Во документ доставен до Владата, Премиерот Христијан Мицкоски, Министерот за спорт Борко Ристовски, МОК и Даниел Димевски, како и надлежните за стадионот, се бара да се оддаде почит на легендата.
- Васил Рингов важи за еден од најдобрите играчи во историјата на македонскиот фудбал. Дебитирал во Беласица со неполни 17 години во пролетта 1972 година и имал таа пролет 12 меча и 1 гол. Во следната сезона (1972/73) е најдобриот играч и прв стрелец на Беласица со 15 гола на 32 мечеви. Заедно со Истатов, летото 1973 година преоѓаат во Партизан, каде останува две дезони. Потоа се враќа во второлигашот Тетекс (1975-77), каде настапува во Втората југословенска лига - Исток.
- Летото 1977 година минува во Вардар, каде станува еден од најдобрите играчи на сите времиња и најдобар стрелец на тимот со 97 голови. Во првите пет сезони во Вардар е најдобар стрелец, секогаш со двоцифрен број на голови. Во 1983 година го облече дресот на Динамо Загреб, потоа се враќа пак во Вардар и со Дарко Панчев го формираат еден од најдобрите тандеми на Вардар во историјата. Кратко настапуваше и за Ајнтрахт Брауншвајг. Во сезоната 1986/87 се врати во Вардар, играше неколку натпревари, иако повреден, и даде придонесе во освојувањето на шампионската титула, прва во историјата во југословенската Прва лига.
- Во светот на фудбалот се виделе секакви нешта, ама она што го прави управата на Челси го нема ни на филм. Сопствениците од САД откако го купија Челси од Роман Абрамович, направија тотален хаос во раководењето на спортскиот сектор.
- Во период од 2-3 години потрошија преку 1 милијарда фунти на фудбалери од кои некои беа тотални анонимуси, речиси сите не докажаа дека се вредни да го носат дресот на некогашниот европски и англиски шампион.
- Менуваа тренери како стигнат, без никаква визија, а сега последно капак на се е отказот кој го доби Лиам Розениор. Овој тренер на одличен начин го водеше француски Стразбур кој со него стигна до место кое води во еврокупови. А како што е Стразбур филијала на Челси, од Лондон откако го избркаа Енцо Мареска веднаш го повикаа Лиам Розениор за да биде нов тренер.
- Сега после само 107 недели во кои екипата забележа катастрофални резултати какви што не се видени во англискиот фудбал повеќе од 112 години, Челси го отпушти Розениор.
- Поради тоа што го отпушти предвреме и му го раскина договорот ќе мора да му платат отштета од 4 милиони фунти!
- Не само навивачите на Барселона туку навивачите на репрезентацијата на Шпанија се загрижени за повредата на Ламин Јамал. Најдобриот фудбалер во Ла Лига беше јунак на триуфмот на Барса над Селта Виго (1-0) зошто го даде единствениот гол од пенал во 40' минута.
- Но веднаш после погодокот падна на терен се држеше за левата задна ложа и по лекарска помош го напушти теренот а наместо него влезе младиот Руни Бардагџи пред крајот на првиот дел.
- Како што пишуваш ЕСПН, од клубот се плашат дека е можеби скината задна ложа што би значело повеќенеделна па и повеќемесечна пауза.
- „Мораме да почекаме. Ќе видиме за што се работи. Нешто постои - почуствува болка. После голот не го напушти теренот без причина. Се надеваме дека не е ништо сериозно но ќе мора да почекаме“, рекол тренерот на Барселона Ханси Флик после триумфот.
- Ламин Јамал сезонава одигра 45 натпревари за Барселона, постигна 24 гола а има и 18 асистенции. Барса ја чека на 10-ти мај „Ел класико“ против Реал Мадрид.