- Македонското ракометно дуо со богата меѓународна кариера и официјално се суспендирани на две години од ЕХФ, плус парично казнети со по 5.000 евра поради манипулација со фитнес тестовите пред стартот на последното Европско првенство.
- „Врз основа на анализата на партнерот за интегритет на Европската ракометна федерација, „Спортрадар“, Ракометниот суд заклучи дека спорните видеа биле манипулирани и затоа ги изрече следните санкции.
- Двајцата судии се суспендирани од извршување на каква било функција во рамките на ЕХФ и учество во какви било активности на ЕХФ во период од две години од датумот на првостепената одлука поради сериозно неспортско однесување“, стои во дел од соопштението на ЕХФ.
- „Ел Чоло“ Симеоне сигурно ќе го води Атлетико Мадрид и следната сезона: договроот кој истекуваше во јуни 2027-ма предвидувал и клаузули кои му давале на тренерот и на клубот можност да го раскинат предвреме. Сега тие клаузули се избришани и Симеоне ќе го води Атлетико 16 сезони по ред!
- Во Европа во моментов подолготраен на клупата на еден ист клуб е германскиот тренер Франк Шмит кој го води Хајденхајкм од 17-ти септември 2007-ма односно цели 19 сезони по ред! Договорот на Шмит со Хајденхајм важи до јуни 2027-ма. Тој го водел клубот од петта аматерска лига до елитната Бундеслига.
- Пеп Гвардиола е трет на листата најдолготрајни тренери во Европа. Тој го води Сити 10 сезони по ред уште од јули 2016-та. Микел Артета е седма сезона по ред на клупата на Арсенал а договорот и нему и на Гвардиола им истекува во јуни следната 2027-ма.
- Биографската книга „Фудбал под сенка“, посветена на легендарниот македонски фудбалер Васил Рингов, во авторство на новинарот Срѓан Ивановиќ, ќе биде промовирана на 17 април (петок), во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, со почеток во 20 часот.
- Книгата излегува постхумно, неколку месеци по смртта на Рингов, кој активно беше вклучен во нејзиното создавање. Денот на промоцијата, пак, се поклопува со датумот на неговото раѓање.
- „Фудбал под сенка“ на искрен и непосреден начин ја раскажува животната и спортската приказна на Рингов – еден од најзначајните фудбалери во македонската и југословенската историја, чие име е тесно поврзано со успесите на ФК Вардар. Книгата нуди увид не само во неговата богата кариера, туку и во личните предизвици, размислувањата и вредностите што го формирале како спортист и како човек.