- Додека забрзано се развива вештачката интелигенција, не смее да се заборави да се негува и природната.
- Менса Македонија организира тестирање на општата интелигенција со цел прием на нови членови, в недела (19.04) во 11 часот, на American University of Europe (поранешен ФОН) во Скопје. Главен услов за тестирањето е кандидатите да имаат наполнето 16 години. Сите други детали ги има тука.
- Кандидатите ќе решаваат стандардизирани тестови на Mensa International и резултатите ќе ги добијат на лична адреса, со најстрого почитување на тајноста.
- Оние што ќе остварат резултат во горните 2% од светската популација стекнуваат право да станат член на Менса Македонија, а со тоа и на Mensa International.
- На 67 години почина Мишо Хрњак , басистот во најлегендарната, златна постава на Азра, со Џони Штулиќ и Борис Лејнер.
- Свиреше бас на првите три студиски албуми на бендот: Азра (1980), Сунчана страна улице (1981) и Филогрански плочниви (1982), како и на неповторливиот троен концертен албум, Равно до дна.
- Азра ја напушта по отслужување на воениот рок во 1982 година и тоа е крај на таа изворна постава. Едно од најважните поглавја ги минува во Унгарија каде ја запознава сопругата Уршула со кои имаат пет деца. Семеен живот и изработка на мебел по нарачка.
- Во 2015 година ја објавува автобиографијата „Златно срце - приказни, ама, не баш за деца.“
- Планината Еверест на Хималаите останува планина со највисока надморска височина (8,849 метри) но тоа да не ти била највисоката планина на планетата.
- Две други „скриени“ планини на работ на Африка и Тихиот океан се далеку повисоки, дури 100 пати повисоки од Еверест, околу илјада километри високи.
- Што е финтата и како до сега не сме ги виделе? Затоа што почнуваат од минус надморска височина, длабоко под површината на Земјата - на околу 1.900 километри, помеѓу јадрото и земјиниот плашт.
- Наша стручна алпинистичка проценка: Не се важи!