Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Промоција на биографската книга „Фудбал под сенка“ за легендарниот Васил Рингов, напишана од Срѓан Ивановиќ

9 April 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Биографската книга „Фудбал под сенка“, посветена на легендарниот македонски фудбалер Васил Рингов, во авторство на новинарот Срѓан Ивановиќ, ќе биде промовирана на 17 април (петок), во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, со почеток во 20 часот.
  • Книгата излегува постхумно, неколку месеци по смртта на Рингов, кој активно беше вклучен во нејзиното создавање. Денот на промоцијата, пак, се поклопува со датумот на неговото раѓање.
  • „Фудбал под сенка“ на искрен и непосреден начин ја раскажува животната и спортската приказна на Рингов – еден од најзначајните фудбалери во македонската и југословенската историја, чие име е тесно поврзано со успесите на ФК Вардар. Книгата нуди увид не само во неговата богата кариера, туку и во личните предизвици, размислувањата и вредностите што го формирале како спортист и како човек.
извор

Интер би ги враќал браќата Станковиќ?

9 April 2026
  • Share
  • Post
  • Двајцата синови на Дејан Станковиќ кој беше легенда на Црвена звезда, Лацио и Интер, Александар и Филип наскоро би можеле да се вратат на „Џузепе Меаца“ каде што ги почнаа фудбалските кариери.
  • Александар (20) напредуваше неверојатно многу и откако преку Луцерн замина во Клуб Бриж за 9,5 милиони евра, стана главен играч на трофејниот белгиски клуб. Станковиќ беше најдобар играч на екипата во Лига на шампиони, а после 30 кола Клуб Бриж е втор со три бода зад лидерот во Белгија и се бори за шампионска титула благодарение на одличните партии на српскиот репрезентативец.
  • Интер, поточно Марота инсистирал во клаузулата при потпис на договорот со Клуб Бриж да се вметне и клаузула според која Александар Станковиќ за 25 милиони евра би можел да се врати во Интер. Оваа клаузула најверојатно ќе биде активирана во јуни кога младиот фудбалер од среден ред ќе се врати во Интер.
  • Таму би требало да се врати и брат му Филип кој е голман и кој бранеше на позајмица во неколку клубови а сега е во Венеција.
извор

Во Вардар само на Аргентинците им даваат плата, а на домашните им должат?

9 April 2026
  • Share
  • Post
  • Фудбалерите на Вардар негодувале и сакале да го бојкотираат дуелот со Пелистер, а неофицијално најавуваат дека колективот е блиску и до штрајк, бидејќи им се должат десетици илјади евра неисплатени премии, пишува Спорт1.
  • Најсрамниот дел од приказната не е ни доцнењето, туку неправдата, затоа што додека домашните играчи чекаат, аргентинските фудбалери си ги добиле парите навреме, целосно и без доцнење. И мислејќи дека тоа важи за сите, самите Аргентинци се пофалиле дека им е сѐ исплатено.
  • И тука директно се поставува прашањето за улогата на Миленко Неделковски. Кој ја носи оваа одлука? Кој дозволува да се создава „аргентински клан“ во соблекувалната? И уште пострашно, кој дозволува играчите да се делат на „подобни“ и „неподобни“?, прашува порталот.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Жељко им кажа со време

Балканштина
2

По поразот од надворешниот непријател, Трамп отвори војна против внатрешниот

Мислења
3

Новиот шенгенски систем создаде километарски колони за влез во Хрватска

4

Астронаутите од Артемис 2 се вратија живи и здрави

5

Димитријевиќ му се одмазди на тимот кој не веруваше во него

Кошарка
6

Кого би блокирал Гоце на Фејсбук?

Балканштина
7

Израел го уценуваше Клинтон со Левински, којзнае што имаат за Трамп

Мислења
8

Не е доцна да се преиспитаме

Балканштина
1

Димитријевиќ му се одмазди на тимот кој не веруваше во него

Кошарка
2

Труден навивач на сезоната

Навивачи
3

Пази апаратот, шутира Меси

Фудбал
4

Јапонец пресреќен што се враќа во Македонија

5

Промоција на биографската книга „Фудбал под сенка“ за легендарниот Васил Рингов, напишана од Срѓан Ивановиќ

6

Достоен пречек за победата на Охрид во Битола

Навивачи
7

Денвер гази со 10-та победа по ред, трипл-дабл број 35 за Јокиќ сезонава

Кошарка
8

Автогол на Порто во Лига Европа од преку 40 метри

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Жељко им кажа со време

Балканштина

Бугарски роботи се вклучија во предизборието

Македонштина

Јаки трпези, јаки амини

Балканштина

Не е доцна да се преиспитаме

Балканштина

Шефе, каде да го ставиме знакот за децата?

Македонштина

Кисела Вода има Флет Ајрон, Маџир маало добива Васер Вага

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Блек Сабат: Играле се (параноидне) делије

Зошто пиратите носеле онакво преку око?

Струмичка азбука

Да го пратиш на вакцинација, тој на кастрација ќе отиде

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy