Вардар го продал Мато во Канзас Сити за многу пари?
14 January 2026
- Најдбориот фудбалер на Вардар, лидер на екипата и најдобар стрелец на есенскиот шампион, Мато од Уганда, зимава добил бројни сериозни понуди од големи клубови.
- Првично шкотски Хартс кој е неочекуван лидер во шкотската лига, синоќа официјално објави дека се договорил со африканскиот фудбалер кој играше со Уганда на Купот на Африкански нации. Но во меѓувреме работите се сменија и богата понуда за Мато стигнала и од Спортинг Канзас Сити, од МЛС лигата во САД.
- Во договорот на Вардар со Спортинг Канзас Сити стои и клаузула од 10% од следната продажба на Мато кој би требало да заработува плата од околу 40.000 долари месечно плус бонуси, соопштија црвено-црните.
- Нејасно е уште дали Мато ја прифатил понудата и се договорил со Хартс или ќе игра во Канзас Сити кој очигледно пратил побогата понуда.
- Доколку трансферот се реализира, 20% од колачот ќе добие и струмичка Брера.