На крајот Хаџар Абделкадер изгубила 6:0, 6:0 од Германката Лорена Шедел а цел интернет се чуди како Египќанката направила 20 двојни грешки и изгубила убедливо за 37 минути „тенис“. Хаџар освоила само три поени и тоа сите три на грешки на противничката.
Кенијскиот тениски сојуз вели дека таа им дала гаранции дека е професионална тенисерка, а од Египетскиот сојуз рекле дека ниту била регистрирана професионална тенисерка кај нив ниту некогаш настапила на кој било турнир во нивна организација.