Што му ја прелелало чашата на Трамп?

Некој пеколен ракетен план на Мадуро со Русите или Кинезите? Некоја гигантска пратка фентанил со која сакал да зомбифицираат уште стотици илјади Американци? Ништо од тоа. Трамп бил особено фрустриран затоа што Николас Мадуро последните недели уште поинтензивно од обично се појавувал на телевизија, играл на музика и го провоцирал дека го чека. 

„Редовното јавно играње на музика на господинот Мадуро и другите знаци на негова ноншалантност убедиле членови на тимот на Трамп дека тој ги заебава и пробува да изнуди реакција за која бил убеден дека е блеф, рекле двајца анонимни извори на Њујорк Тајмс. Трамп приватно бил фрустриран од ваквите видеа“.

 

 

 

 

 

5 January 2026 - 12:01