Изгледа погрешно јадеме бри

Бри не е само сирење, институција e - барем во Франција. Во остатокот од светот лесно може да чуе дека е бледо или досадно, ама парискиот готвач Микаел Бригоден вели дека бри-то си е добро, ние сме неедуцираните.

Најчестата грешка е јадењето бри директно од фрижидер. Кога е ладно е потврдо, не ги ослободува ароматите и автоматски е невпечатливо. Бри треба да стои на собна температура околу 45 минути до еден час пред јадење, за да омекне и да ги развие тие убавите вкусови што потсетуваат на печурки, крем и лешник.

И не, не може брзински решенија како микробранова печка. Наместо тоа, Бригоден предлага финта: извадете го од фрижидер, покријте го и ставете малку ситна сол на кората - за побогат мирис и помека текстура.

Важно е и да се знае зрелоста - недозреаното бри е тврдо и суво, совршено зрелото е еластично и благо тече под кората, а презреаното има остар мирис и премногу течна структура. При избор, користете ги сетилата: кората треба да биде мат и светла, мирисот благ, а на допир да попушта лесно. Избегнувајте евтини, индустриски верзии завиткани во тврда пластика.

И уште две правила: бри се сече од врвот нанадвор, за секој да добие и кора и средина, и најдобро се комбинира со бело вино, круши, јаткасти плодови или едноставно - багет.

2 January 2026 - 11:48