Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Насилства, жртви и запалена црква од огномети во Холандија

2 January 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Две лица загинаа од пиротехнички средства, десетици граѓани и полицајци се повредени и изгоре стара црква во масовни огномети на пречекот на Новата година во Холандија.
  • Момче од Нијмехен и маж во Алсмер загинаа во инциденти со огномет. Во Амстердам пиротехника ја запалила црквата Вонделкерк од 19-ти век. Изгоре и се урна кулата висока 50 метри, покривот е сериозно оштетен, но структурата останала здрава.
  • Кон полицајците распоредени да ги смират нередите на уличните прослави во Бреда биле фрлани молотови коктели, а биле нападнати и пожарникари што интервенирале на пожари. Уапсени биле повеќе од 250 луѓе.
  • Холанѓаните потрошиле 129 милиони евра на ракети и петарди на последниот дочек на Новата година на кој беше дозволена употреба на пиротехнички средства. Од 2026 година со закон е забранета продажба и употреба на петарди и ракети. Здравствени работници, полициски синдикати и пожарникари со години инсистираа на забраната.
извор

Мадуро сака преговори со САД за нарко-картелите и нафтата

2 January 2026
  • Share
  • Post
  • Венецуела е отворена за преговори за договор со САД за борба против трговијата со дрога, изјави претседателот Николас Мадуро, во снимено интервју додека вози автомобил.
  • Спроти новогодишната ноќ американската војска објави дека извршила напади врз пет бродови што наводно шверцувале дрога од Венецуела. Досега беа нападнати 35 бродови и беа убиени најмалку 115 луѓе, според бројките на Пентагон.
  • Мадуро оцени дека цел на американските напади е промена на власта во Венецуела и пристап до нејзините огромни нафтени резерви.
  • „Јасно е дека сакаат да се наметнат преку закани, заплашување и сила... Ако сакаат сериозно договор за борба против трговијата со дрога, ние сме подготвени. Ако сакаат нафта, Венецуела е подготвена за американски инвестиции, како со Шеврон, кога сакаат, каде сакаат и како сакаат“, изјави Мадуро. Шеврон е единствената голема нафтена компанија што извезува венецуелска сурова нафта во САД. Венецуела има најголеми докажани резерви на нафта во светот.
  • Мадуро одби да го коментира нападот на ЦИА со дронови врз венецуелско пристаниште што наводно го користеле наркокартелите. Најави дека за тоа „ќе може да зборува за неколку дена“. 
извор

Кочански ужас во Кран-Монтана

1 January 2026
  • Share
  • Post
  • Швајцарската полиција соопшти дека „неколку десетици“ луѓе загинаа а над 100 се повредени во пожарот што избувнал во бар во популарното скијачко место Кран-Монтана.
  • Италијанското министерство за надворешни работи излезе со бројка од 40 загинати, но таа не е конечна.
  • Трагедијата во барот „Le Konstelasion“ во монденското место има морничави сличности со македонската трагедија во кочанскиот клуб Пулс. Пожарот настанал од пиротехника поставена на шишиња која го запалила таванот па настанала паника. Час и половина после полноќ се слушнала и силна експлозија.

 

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Кочански ужас во Кран-Монтана

2

SRETNO, SREĆNO, SREČNO, СРЕЌНО, SRETNO BA....

Балканштина
3

Најлудите превари со пари на ЕУ

Свет
4

2025 година, година црвеното апче

Мислења
5

Сокол на двете страни на Шутка

6

Како и да сте си поминале за Нова година, ваква вечера сигурно не сте имале

Bookbox
7

Бобан Авалон го плеска Аспарух

Македонски рулет
8

Имајте среќни празници. Раат и мир.

Разно
1

Кочански ужас во Кран-Монтана

2

Најлудите превари со пари на ЕУ

Свет
3

2025 година, година црвеното апче

Мислења
4

Сокол на двете страни на Шутка

5

Имајте среќни празници. Раат и мир.

Разно
6

Банкротираат „револуционерните“ фарми за инсекти

Занимливости
7

Барот пламнал од пиротехника, младите не можеле да избегаат

Свет
8

Украина нема пари за голема армија

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

SRETNO, SREĆNO, SREČNO, СРЕЌНО, SRETNO BA....

Балканштина

Ако не можеш да ги победиш...

Балканштина

Ако нешто нè гневи...

Балканштина

Некогаш џабе се и книгите

Македонштина

Ние си најдовме, вие мислете му ја

Македонштина

Ѓорче Петров, отворена општина

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Најјакиот изборен слоган, евер

Велешка топилница на 4 тркала

Коста Бургов, вонреден диџеј во Трендоленд

Како мастите ни станаа непријател?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy