Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Кочански ужас во Кран-Монтана

1 January 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Швајцарската полиција соопшти дека „неколку десетици“ луѓе загинаа а над 100 се повредени во пожарот што избувнал во бар во популарното скијачко место Кран-Монтана.
  • Италијанското министерство за надворешни работи излезе со бројка од 40 загинати, но таа не е конечна.
  • Трагедијата во барот „Le Konstelasion“ во монденското место има морничави сличности со македонската трагедија во кочанскиот клуб Пулс. Пожарот настанал од пиротехника поставена на шишиња која го запалила таванот па настанала паника. Час и половина после полноќ се слушнала и силна експлозија.

 

извор

Сокол на двете страни на Шутка

31 December 2025
  • Share
  • Post
  • Поранешниот директор на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Филип Андов – Сокол, е осуден на казна затвор во траење од осум месеци за злоупотреба на службената положба и овластување.
  • На останатите обвинети, шест затворски полицајци, им се изречени условни казни затвор кои нема да се реализираат доколку во наредните една, односно три години, не сторат ново кривично дело.
  • Обвинетите на петмина осуденици им овозможиле незаконски погодности. Осудените биле спроведувани до своите домови и до други локации за приватни потреби, спротивно на пропишаната постапка.
  • Од СДСМ ја обвинија актеулната власта дека преку „нарачани судски пресуди“ врши директна репресија врз партиски функционери од опозицијата.
  • ВМРО-ДПМНЕ велат дека Андонов неодамна беше назначен за член на Извршниот одбор на опозициската партија за да може пресудата за него подоцна да се претстави како политички прогон.
извор

Путин наредил проширување на тампон-зоната околу Харков и Суми

31 December 2025
  • Share
  • Post
  • Како одговор на украинскиот напад со дронови врз резиденцијата на рускиот претседател во Новгородската област, Владимир Путин наредил во 2026 година да биде проширена тампон-зоната околу украинските погранични градови Харков и Суми, изјави генералот Валериј Герасимов, началник на Генералштабот на руските сили.
  • Руската група „Север“ во 2024 година настојуваше да воспостави зона на безбедност во североисточна Украина, за да ја оддалечи украинската артилерија од руска територија и да спречи напади со дронови врз Белгород и Курск.
  • Украинските власти тврдат дека оваа зона воопшто не е превентивна, туку се користи за да се овозможат подлабоки упади на руските сили на украинска територија. 
  • Киев упорно негира дека испратил дронови кон резиденцијата на Путин и тврди дека тоа се лажни вести што ги шири Кремљ за да ги блокира мировните преговори.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Бобан Авалон го плеска Аспарух

Македонски рулет
2

SRETNO, SREĆNO, SREČNO, СРЕЌНО, SRETNO BA....

Балканштина
3

Сокол на двете страни на Шутка

4

Имајте среќни празници. Раат и мир.

Разно
5

Банкротираат „револуционерните“ фарми за инсекти

Занимливости
6

Украина нема пари за голема армија

Свет
7

Ако не можеш да ги победиш...

Балканштина
8

Фудбал во Македонска Каменица, големи на мали

Фудбал
1

Имајте среќни празници. Раат и мир.

Разно
2

Сокол на двете страни на Шутка

3

Банкротираат „револуционерните“ фарми за инсекти

Занимливости
4

Украина нема пари за голема армија

Свет
5

Кочански ужас во Кран-Монтана

6

СЗО бара замолкнување на секој глас против вакцините за грип

Здравје
7

САД ги блокираа парите за Минесота од кои се богатеа измамници

8

Кина поврза 97% од градовите со супербрзи возови

Занимливости
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

SRETNO, SREĆNO, SREČNO, СРЕЌНО, SRETNO BA....

Балканштина

Ако не можеш да ги победиш...

Балканштина

Ако нешто нè гневи...

Балканштина

Некогаш џабе се и книгите

Македонштина

Ние си најдовме, вие мислете му ја

Македонштина

Ѓорче Петров, отворена општина

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

За пишман аџиите и наводната антиквизација на Македонија

Големата тајна на МРТВ

Билјана влакно цветаше

Медуза од Битола. Каде се, што прават?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy