Порано облеката имаше повеќе смисла

До 1990-тите, функционалната облека имаше јасна логика: сè се завршуваше на линијата на струкот. Панталони, воени и спортски јакни се кроeја така што телото имаше стабилна форма и слобода на движење, a струкот не беше стилска одлука, туку анатомска.

Со подемот на брзата мода и hoodie-културата во 2000-тите, облеката почнува да ја губи таа логика. Линијата на струкот веќе не се гледа, силуетата се издолжи без структура, а висината визуелно се скрати. Не се работи само за естетско прашање - човечкото тело се витка токму во струкот и кога облеката оди под таа точка, ткаенината се собира, го отежнува движењето и губи стабилност.

Карличните коски се природна средишна точка и се речиси како закачалка за панталони - затоа и кога стојат баш таму се стабилни. Ги спуштиш ли заради мода, почнуваат со лизгање и неудобност. Истата логика важи и за горниот дел од телото - торзото се движи напред, назад и странично, затоа пилотските и моторџиските јакни секогаш завршуваат на струкот.  Просто, се следи скелетот.

Зошто вака? Луѓето често мислат дека oversized облеката е поевтина за производство, ама не е така и не лежи таму зајакот. Поголемите кроеви бараат помалку прецизни прилагодувања, што им овозможува на брендовите со една големина да опфатат повеќе тела. Тоа е полесно за продажба и попрофитабилно.

Резултатот се две децении мода водена од „да им е удобно на производителите“, а не од анатомија. Затоа постарите кроеви изгледаат подобро - не е толку до вкусот што го имале луѓето порано, туку затоа што просто носеле облека што ја следела формата на телото. 

@fuseinatti

(10) 80’s Sports Jacket — Skeleton Logic

♬ original sound - Fuseinatti
29 December 2025 - 12:40