- По контроверзни коментари во монолог во неговата емисија, телевизиската мрежа АБЦ реши да го тргне Кимел од екраните „на неодредено“.
- На тема убиството на Чарли Кирк, Кимел кажа дека „од петни жили МАГА се трудат да докажат дека детево не е нивно“, и се шегуваше со изјава на Трамп на прашањето како се чувствува во врска со случајот.
- Зад кулисите се зборува дека одлуката не е од вчера.
- Инаку, десничарите некако баш засакаа кансел-култура.
Фотографија
- Деби Хари треба да полни 80 години. Нека ви легне прво таа информација.
- Седнува на интервју со Венити Фер и зборува за предизвици за 50 милиони продадени албуми и хитовите.
- Најмногу се гордее со врските, со соработките со врвни таленти и среќата што ја имала. И тоа што бендот уште се држи и после 50 години.
- „Со моето минато (посвоена е) ако навистина сакав деца, ќе посвоев, затоа што би знаела што да му кажам на тоа дете. Но, како што реков, сакав да избегам од тоа среднокласно очекување. Се очекуваше од мене да се мажам и да раѓам и тоа беше многу далеку од она што го имав на ум. Затоа и многумина нѐ имаше што гравитиравме кон Њујорк - сакавме да комуницираме со други уметнички настроени луѓе што размислуваат како нас.
- Естетиката на Вес Андерсон има влијание од различни жанрови, од хорор, до романса.
- Ретко кој режисер може да се пофали со инстант-препознатливост како Андерсон, па критичарите и публиката со години се прашуваат на што се должи тоа.
- На списокот се „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ и „Дипломец“. И е добар список за наслови што не сме ги начекале и за луѓе што не знаат веќе што да пуштат.