Разрешен британскиот амбасадор во САД близок до Епстин
11 September 2025
- Премиерот Кир Стармер го разреши британскиот амбасадор во САД, Питер Менделсон, поради блискоста со педофилот Џефри Епстин.
- Форин офисот објасни дека Менделсон кога бил поставен за амбасадор не открил колку е широко и длабоко неговото пријателство со Епстин. Властите не знаеле за е-пораките од Менделсон до Епстин во кои ја оспорил и ја оценил како неправедна неговата пресуда од 2008 година за ангажирање деца за проституција.
- „Сугестијата на Менделсон дека првата пресуда на Џефри Епстин била неправедна и треба да се оспори е нова информација. Имајќи ги предвид жртвите на злосторствата, амбасадорот е повлечен од функцијата со итен ефект“, соопшти претставник на Министерството за надворешни на Британија.
- Неколку часа по објавувањето на пораките, Менделсон призна дека веројатно ќе се појават повеќе „многу срамни“ детали за неговото пријателство со Епстин, но инсистира дека никогаш не бил сведок на никаков прекршок.
- Питер Менделсон е искусен британски дипломат, кој беше на разни министерски позиции во владините кабинети на лабуристичките премиери Тони Блер и Гордон Браун. За амбасадор во САД беше поставен од Стармер во февруари годинава.