- Во среда на 27-ми август започнува Европско првенство 2025 во кошарка кое ќе се игра во четири града во четири различни држави: Рига (Летонија), Тампере (Финска), Лимасол (Кипар), Катовице (Полска).
- Ќе има 4 групи со по 6 селекции. Пласман во 1/8 финале ќе обезбедат по четири најдобри репрезентации од секоја група. Елиминациската фаза ќе се игра во Рига (Летонија).
- На Европското ќе има дури 28 кошаркари од НБА од кои најголеми ѕвезди секако се Лука Дончиќ, Никола Јокиќ и Јанис Антетокумбо. Но има и други познати ѕверки од најсилната лига на светот (клик на извор долу).
- „Прашање на часови е кога Македонецот ќе се врати на стадионот Марадона“, пишува порталот Калчонаполи1926, повикувајќи се на новинарот Николо Скира, кој е експерт за трансфери.
- Според неговите тврдења, сè е подготвено за негово враќање во Наполи, а деталите се следни. Договор 1+4 или поточно една година позајмица од 2 милиони евра, со можност за трансфер од 12 милиони евра за 4 годишен договор. Плата 3 милиони евра по сезона, што е доста сочна сума за наш фудбалер и спортист воопшто.
- Елиф Елмас мина 5 сезони во Наполи, каде имаше одлични партии и освои Скудето со Спалети и Куп со Гатузо.
- На иницијатива на македонското Министерството за спорт поддржана од сродните министерства во Србија и во Црна Гора, од 28 до 30 август во салата Борис Трајковски ќе се одржи првото издание на Регионален ракометен турнир.
- Во машка конкуренција ќе настапат македонскиот шампион Еурофарм Пелистер и вицешамионот Вардар, Војводина од Србија и Ловќен од Црна Гора.
- Во женска конкуренција, Македонија исто така ќе ја претставуваат двете водечки екипи ЖРК Ѓорче Петров и ЖРК Металург Автокоманда, од Црна Гора доаѓа шампионот ЖРК Будуќност, а од Србија ЖРК Бор.
- Овој спортски настан е пилот-проект кој има за цел да ја трасира патеката за основање на Регионална ракометна лига што ќе ги обедини водечките клубови од регионот. Турнирот се одржува со поддршка од Министерството за спорт, а во организација на РФМ.