- Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа бележи огромен напредок од 73 места на најновата ВТА листа.
- Таа сега се наоѓа на 282. позиција, а сето тоа се должи на двете последователни финалиња на турнирите во Куршумлијска бања кои ѝ донесоа вкупно 72 бода.
- Сегашниот нејзин пласман уште е далеку од најдобриот во кариерата, кој и беше на 170. место.
- „Балканот нема заборавено да игра ракомет и убеден сум дека многу скоро екипите и репрезентациите од регионот повторно ќе бидат силни и ќе почнат да ги победуваат ривалите од Скандинавија и Европа, но за тоа да се случи треба многу работа, современи и креативни методи, но и промена на правилата во ракометната игра кои се скроени по мерка на одредени земји како што ним им одговара“.
- „Доколку тоа не се случи, ракометот може да го изгуби статусот на олимписки спорт во 2028 година“, вели легендарниот Лино Червар, на промоцијата на неговата книга „Ракомет – Патот до врвот и тајните на успехот“, што се одржа во Охрид.
- „Нема добар генерал без војска. Успехот со хрватската репрезентација го постигнав затоа што имав исклучително талентирани, технички добро подготвени, мотивирани и паметни играчи кои на тернот ги спроведоа сите мои замисли, рече Червар.
- Тој истакна дека ракометот денес е тотално променет, посочувајќи дека од колективен спорт станал игра на индивидуални потези во што доминираат скандинавците бидејќи правилата во ракометната игра се скроени по нивни терк.
- Ренато Вугринец, кој беше миленик на навивачите на Металург, со кој стигна до историско четвртфинале во ЛШ, се наоѓа на турнирот „Крсте Андоновски“ во улога на спортски директор на Партизан.
- Се потсети на минатото и на големото градско ривалство меѓу Вардар и Металург, но вели дека сега е уште подобро, бидејќи има дури четири екипи конкурентни за врвот.
- „Ривалството меѓу Вардар и Металург би го споредил со фудбалското дерби меѓу Партизан и Црвена Ѕвезда, односно Ел Класико меѓу Реал Мадрид и Барселона. Тогаш Вардар и Металург играат во иста група во ЛШ и тоа беа неверојатни натпревари“.