- Новак Ѓоковиќ веќе неколку дена е во Црна Гора каде се подготвува за Гренд слем, Отвореното првенство на САД. Српскиот тенисер до утрово бил во Порто Монтенегро, а необично директно од летот за САД ќе оди на терен.
- Ѓоковиќ се пријавил и за мешан дубл кој ќе почне пред сингл и останатите дублови. Ќе игра заедно со неговата сонародничка Олга Даниловиќ. Прввиот дуел им е закажан за вторник претпладне против руската двојка Данил Медведев - Мира Андреева.
- Ноле секогаш одел на големите турнири најмалку една недела претходно во земјата каде што се учествуваат, а сега се решил за поинаков пристап.
- „Балканот нема заборавено да игра ракомет и убеден сум дека многу скоро екипите и репрезентациите од регионот повторно ќе бидат силни и ќе почнат да ги победуваат ривалите од Скандинавија и Европа, но за тоа да се случи треба многу работа, современи и креативни методи, но и промена на правилата во ракометната игра кои се скроени по мерка на одредени земји како што ним им одговара“.
- „Доколку тоа не се случи, ракометот може да го изгуби статусот на олимписки спорт во 2028 година“, вели легендарниот Лино Червар, на промоцијата на неговата книга „Ракомет – Патот до врвот и тајните на успехот“, што се одржа во Охрид.
- „Нема добар генерал без војска. Успехот со хрватската репрезентација го постигнав затоа што имав исклучително талентирани, технички добро подготвени, мотивирани и паметни играчи кои на тернот ги спроведоа сите мои замисли, рече Червар.
- Тој истакна дека ракометот денес е тотално променет, посочувајќи дека од колективен спорт станал игра на индивидуални потези во што доминираат скандинавците бидејќи правилата во ракометната игра се скроени по нивни терк.
- Ренато Вугринец, кој беше миленик на навивачите на Металург, со кој стигна до историско четвртфинале во ЛШ, се наоѓа на турнирот „Крсте Андоновски“ во улога на спортски директор на Партизан.
- Се потсети на минатото и на големото градско ривалство меѓу Вардар и Металург, но вели дека сега е уште подобро, бидејќи има дури четири екипи конкурентни за врвот.
- „Ривалството меѓу Вардар и Металург би го споредил со фудбалското дерби меѓу Партизан и Црвена Ѕвезда, односно Ел Класико меѓу Реал Мадрид и Барселона. Тогаш Вардар и Металург играат во иста група во ЛШ и тоа беа неверојатни натпревари“.