На малиот Заев му тргна бизнисот со струја
18 July 2025
- Цвета бизнисот со струја на Душко Заев, синот на експремиерот Зоран Заев. Неговата фирма „Тотал енерџи“ лани имала добивка од околу 954 илјади евра.
- Младиот Заев фирмата ја отвори во 2022 година, а таа била во плус уште првата година по отворањето. Следната година имал добивка од 636 илјади евра.
- Дваесет и едногодишникот стана првиот од семејството Заеви кој почна бизнис со производство на електрична енергија, а по него тоа го сторија неговиот чичко, Вице и неговиот дедо, Панче Заев, пишува Фактор.